Папата Фрањо: Да се биде кардинал е повик и служба, а не награда

Назначувањето кардинали е повик и служба за помош на Папата, заради доброто на Црквата, а не награда на крајот од кариерата – им пишува Светиот Отец на дваесетмината нови кардинали кои ќе ги назначи на следниот конзисториум на 14 февруари. Писмото од Папата датирано од 14 јануари, беше објавено на 23 јануари во ватиканскиот весник Осерваторе Романо.

Господ преку Црквата уште еднаш ве повикува на служба – им пишува Папата на идните кардинали; повторувајќи во молитвата за она што Исус ги советуваше учениците да бидат понизни за да биде благотворно нивното срце: „Речете: ние сме бескорисни слуги“, но не тоа да биде израз на добро воспитание, туку вистината после работата, „кога ќе го направите сѐ што ви е наредено (Лк 17, 10).

Не е лесно да се биде понизен во службата – пишува понатаму Светиот Отец – ако кардиналската чест се смета за награда, врв на нивната кариера, власт или некоја поголема разлика. Затоа секој ден треба да настојувате – поттикна Светиот Отец – далеку да ги држите од себе овие напомени, да се сеќавате посебно на тоа да се биде кардинал значи да бидете впишани во Римската бискупија и таму да  го проповедате воскресението Господово, целосно да сведочите, ако е потребно и со пролевање на крв.

Многумина се радуваат на овој нов повик и како добри христијани, слават (затоа што карактеристика на христијаните е радоста и славењето). Примете го понизно. Само внимавајте во оваа слава да не се вовлече световниот дух кој опива повеќе од ракија кога ќе се испие на празен стомак, кој збунува и одвојува од крстот Христов – предупреди Папата.

Догледање до 14 февруари. Подгответе се со молитва и малку покора. Уживајте во мир и радост. Но, ве молам, не заборавајте да се молите и за мене. Исус нека ве благослови, а Пресвета Богородица да ве штити – стои на крајот во писмото од Папата.

РВ/З.А.

Категорија: Македонија

За авторот