Папата Фрањо: Да не се претвориме во музејски експонати

Ватикан, 13.5.2013 /к.мк/ – Христијаните нека ја распространуваат „солта на верата, надежта и љубовта“. Тоа беше повикот на папата Фрањо упатен за време на светата Ллтургија во четврток 23 мај во капелата на домот Света Марта во Ватикан. Христијанската автентичност, истакна Светиот Отец, „не е еднообразна“ и ги повика верниците да се претворат во „сол на земјата“. На литургијата заедно со Папата служеа и кардиналите Анџело Содано и Леонардо Сандри и архиепископот на Ла Паз, Едмунд Абастофлор Монтеро. Истотака присуствуваа и група свештеници и службеници од Конгрегацијата за Источните Цркви.

Што е солта во животот на христијаните, каква сол ни подари Исус?, запраша во почетокот на проповедта Папата. Солта, која ни ја подари Господ е солта на верата на надежта и љубовта. Но мора да бидеме внимателни со оваа сол, која ни е дадена со уверувањето дека Исус умре и воскресна за да нè спаси „за да не стане несолена, да не ја изгуби сила“. Оваа сол, продолжи Светиот Отец, „не ни е дадена за да ја чуваме, бидејќи ако ја чуваме во стаклени шишиња, таа не служи за ништо“:

„Солта има значење само кога дава вкус на нештата. Ако таа се чува во шише со тек на времето и со влажноста, ја губи својата сила. Солта, која ние ја добивме ни е дадена за да ја даруваме со цел да дава вкус. Инаку се обессолува и не служи за ништо. Треба да ја побараме од Господ благодатта за да не се претвориме во „несолени христијани, христијани кои ја држат солта во шише“. Солта поседува и друга функција: кога се користи добро, не се чувствува вкусот! Се чувствува само вкусот на јадењето: солта помага вкусот на секое јадење да е добар, повкусен. Тоа е вродена карактеристика на солта!“

„Кога ја навестуваме верата со таква сол“, рече Папата, оние кои го „добиваат таквото навестување, го добиваат според нивната особеност, како што е и со јадењата“. На овој начин секој еден „со својата особеност добива сол и станува подобар“:

„Христијанската автентичност не е монотонија! Бидејќи секој има својата индивидуалност, со своите карактеристики и култура, а тоа е едно богатство. Но солта на секого му дава нешто повеќе: му дава вкус! Христијанската автентичност се состои во тоа дека секој е таков каков што е, со даровите што Господ му ги дал“.

Тоа е солта, која треба да ја даваме, продолжи Папата, а тоа значи „да излеземе со евангелската порака, да излеземе со ова богатство и да го дадеме на другите“. Постојат два начина, рече Папата, „за солта која ја добивме да не ја загуби својата сила“: преку служењето на другите и служењето на Господ. „Солта – истакна Папата – не се чува само преку проповедта, туку треба да се чува и со трансцедентното, молитвата и обожавањето“:

„Со обожавањето на Господ, излегувам од себе, за да одам кон Господ. Со евангелското навестување излегувам надвор од себе, за да пренесам една порака. Но ако не се направат овие две работи, солта ќе остане во шишето и ние христијаните ќе се претвориме во „музејски експонати“. Можеме да им ја покажеме на сите солта што ја добивме во Крштевањето, Миропомазанието и во Катехизмот. Да не се претворивме во „музејски експонати“. Солта без вкус не служи за ништо!“.

(В.Н.)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<