На крајот од пладневното обраќање Папата поттикна молитва за жителите на двете земји уништени од катастрофалниот земјотрес и го повика Бога одговорните во руско-украинскиот конфликт да одат по патиштата на мирот.
Поздравувајќи ги верниците собрани на плоштадот Свети Петар, по молитвата Ангел Господов ,во недела, на 12 февруари, Папата упати апел да не се заборават граѓаните на Сирија и Турција, кои беа погодени од разорниот земјотрес и жителите на Украина, која се уште е жртва на крвавиот конфликт.
И понтаму сме близу до населението погодено од земјотресот во Сирија и Турција преку молитва и конкретна помош. Видов во емисијата „По негова слика“ фотографии од таа катастрофа, болката на тие народи кои страдаат поради земјотресот. Да молиме за нив, да не заборавиме, да се молиме и да размислиме што можеме да направиме за нив. И да не заборавиме на напатената Украина; Господ нека ги отвори патиштата на мирот и нека им даде храброст на одговорните да ги следат.
Ватикан њуз/к.мк