Папата Фрањо: Да ги отвориме срцата за Господовите изненадувања

Исус плаче и денес, кога вратите на нашето срце, на пастирите, на Црквата, се затвораат за Неговите изненадувања и не го препознаваме како Оној кој носи мир. Ова го посочи Папата Фрањо во проповедта на 20 ноември 2014 година за време на утринската Литургија служенаво капелата на домот„Санта Марта“ во Ватикан.

Во своето размислување Папата го коментираше евангелскиот извадок од Литургијата во кој Господ „плаче за затвореното срце на избраниот град, на избраниот народ, кој нема време да му ги отвори вратите. Беше премногу зафатен, премногу задоволен од самиот себе“ (сп. Лука. 19, 41-44). Така како тропаат на врататаод срцето на Ерусалим, рече Папата,Исус продолжува да тропа на вратите на своите браќа и сестри; на нашите врати, вратите на нашето срце, на вратите на неговата Црква. Ерусалим e задоволен и спокоен со својот живот и нема потреба од Господ: не забележува дека има потреба од спасение. Затоа го затвора своето срце пред Господ. Плачот на Исус за Ерусалим, истакна Папата, е „првиот плач за неговата Црква денес, за нас“:

„Зошто Ерусалим не го прифати Господ? Бидејќи беше спокоен со сè што поседуваше, немаше проблеми. Но дури – вели Господ во Евангелието – Да беше и ти узнал барем во овој твој ден, што служи за твојот мир,оти не го позна времето, кога беше посетен.“. Се уплаши од посетата на Господ; се уплаши од дарот на Господовата посета. Беше сигурен во работите кои можеше да ги контролира. Ние сме сигурни во работите кои можеме да ги контролираме. Но посетата на Господ, неговите изненадувања, неможеме да ги контролираме“.

Ерусалим, додаде папата Фрањо, „се плашеше да биде спасен по патот на Господовите изненадувања“:

„Се плашеше од Господ, од својотСвршеник, од својот Возљубен. Затоа Исус плаче. Кога Господ го посетува својот народ, ни носи радост, ни носи обраќање на срцето. Ние не се плашиме од радоста, туку од радоста што ја носи Господ, бидејќи не можеме да ја контролираме. Се плашиме од обраќањето на срцето, бидејќи тоа значи да дозволиме Господ да нè води“.

„Ерусалим беше мирен, задоволен – продолжи Папата – храмот беше жив. Свештениците принесуваа жртви, луѓето доаѓаа на обожавање, закониците беа уредиле сè! Сè беше јасно, законите беа јасни. И покрај тоа, вратите на Ерусалим беа затворени“. Крстот, кој беше цената на ова одбивање – рече Папата – „ни ја покажува љубовта на Исус, она што го тера да плаче и денес, повеќе пати, за својата Црква“:

„Се прашувам: ние денешните христијани кои ја познаваме верата, катехизмот, кои одиме на миса секоја недела, ние христијаните, ние пастирите, дали сме задоволни со себе? Бидејќи сме средиле сè и немаме потреба од нова посета од Господ. Но Господ продолжува да чука на вратата на секој од нас и на Црквата, на пастирите на Црквата. За жал, вратата на нашето срце, на Црквата, на пастирите, не се отвора и затоа Господ плаче и денес“.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот