Папата Фрањо го прими престедателот на Малта

Папата Фрањо на 21 март во Апостолската палата во Ватикан го прими преседателот на Република Малта, Георге Абела, кој подоцна се сретна со Државниот секретар на Папата, кардинал Пjетро Паролин и arhiepiskopot Доминик Мамберти, секретар за односи со државите.

Во текот на разговорот кој што се одржа во срдечно расположение, се зборувало за длабоките трагови на христијанството во историјата, кутурата и животот на населението во Малта како и за добрите односи помеѓу Светата Столица и Малта. – се истакнува во соопштението на Канцеларијата за печат на Светата Столица. Притоа се спомнати и пасторалните посети на блажениот Иван Павле II и Бенедикт XVI.

Посебно е истакнат придонесот на Католичката црква на полето на образовнието и услугите, како и Договорот склучен помеѓу Светата Столица и Малта кој допринесува за успешна соработка во служба на општото добро. На крајот, соговорниците се осврнаа на придонесот на Малта во рамките на Европската Унија, на состојбата на Медитеранот и на појавата на миграција кон Европа во кое што се заземаат и Црквата и властите – стои во соопштението на Канцеларијата за печат на Светата Столица.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот