Папата Фрањо го прими американскиот комесар за клима

Папата Фрањо го прими американскиот комесар за клима

Во саботата на 15 мај  папата Фрањо го прими американскиот комесар за клима Џон Кери.

Иако Канцеларијата за печат на Светиот Престол не објави поединости од приватната аудиенција набљудувачите сметаат дека станало збор за Конференцијата за клима COP26 (Conference of the Parties) која во ноември ќе се одржи во Глазгов. Поранешниот американски државен секретар во април организираше виртуелна климатска конференција на која зборуваше и папата Фрањо, која по објавувањето на својата енциклика за екологијата „Лаудато си“ во 2015 година постојано повикува на заштита на животната средина и климата, а Светиот Престол често приредува собири на таа тема. Во римските медиуми се шпекулира дека Папата и лично би можел да отпатува во Глазгов.

После четиригодишното повлекување од еколошките проекти во времето на администрацијата на Доналд Трамп, САД сака да го интензивира својот ангажман на тоа подрачје. Кери во петокот на 14 мај се сретна со италијанскиот премиер Марио Драги со кој разговараше за понатамошна билатерална соработка во заштитата на климата.

Во разговор за Ватикан њуз по средбата  Кери истакна дека папата Фрањо е еден од силните гласови на разумот и голем морален авторитет во климатската криза. Во борбата зазаштита на климата сите земји имаат заедничка, но диференцирана одговорност, а во градењето на одржлива економија мора да се напушти денешните концепти затоа што без прифаќање на поедноставен животен стил нема да може да се избегне климатка катастрофа, истакна Кери.

Ика/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот