Во Чанаклија прославен патрониот празник на Црквата

Во Чанаклија прославен патрониот празник на Црквата

Во петок, 6 мај 2022 година во филијалната црква посветена на Светиот великомаченик Ѓорѓи во Чанаклија, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко-скопски епарх служеше Света архиерејска Литургија во сослужение на свештениците од Струмичко-скопската епархија.

На светата архиерејска Литургија пригодна проповед одржа Н.В.П монс. Киро Стојанов, Струмичко-скопски епарх. Во неа епископот Стојанов ја истакна својата голема радост што на овој празник ја има можноста со верниците од Чанаклија, по подолго време, заеднички да го слават Бога на оваа света Литургија, поттикнувајќи ги верници да продолжат на патот по кој храбро чекорел самиот великомаченик Ѓорѓи. Светлиот пример на овој маченик за верата да биде водител за верниците од ова село посебно во изразувањето на заедништвото.

На крајот по благодарноста упатена од страна на парохот отец Ванчо Назов до Н.В.П. монс Киро Стојанов, како и до свештениците и верниците следуваше заедничко дружење со заедничко агапе во црковниот двор.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот