Папата Фрањо на 1 септември се сретна со филмските, медиумските и музичките работници на првиот самит „Vitae“ во Ватикан и ги потсети уметниците дека треба да ја користат убавината за да го проповедаат Евангелието.
Во четвртокот заврши дводневната средба во ватиканскиот дом Пио IV, со цел да се промовираат разговори за тоа како да се користи уметноста за да се поттикне културата на надеж и единство.
Самитот „Vitae“ организиран од Светската фондација Vitae анимираше серија познати личности од уметноста, медиумите и забавната индустрија собрани да разговараат за нивната улога во поттикнувањето на културната преобразба која го промовира општото добро, универзалните вредности и културата на средба.
Проповедници на убавината
Папата Фрањо им се придружи на учесниците на крајот на самитот и ги охрабри да бидат „проповедници на убавината“. Како што рече, „Убавината е добра за нас; убавина лечи; убавината ни помага да одиме напред на нашиот пат“.
Во соопштението за печатот на Светиот Престол, се наведува дека Папата и учесниците разговарале за потребата да им се обратат на младите, да ја пренесат евангелската порака и да споделат приказни за сведоштвата и придружба што произлегуваат од средбите со Бога.
Според соопштението за печатот, Папата ја истакна потребата да се оди по патиштата на комуникација кои водат кон вистината, добрината и особено за уметниците, убавината и патот на контемплацијата.
„Човек, кој е на патување е во потрага“, рече Папата, нагласувајќи дека уметноста може да биде вдахновение за оние кои тргнуваат на патување со свесност дека Господ нè чека.
Етика на уметноста
Папата, исто така, изрази надеж дека „уметноста може да ги отвори вратите, да допре до срцата и да им помогне на луѓето да се одат напред“, и зборуваше за потребата од етичка совест за уметниците.
Уметноста, рече тој, мора да вдахновува „почит кон луѓето“ и да ги поттикне „да одат напред, а не да купуваат“.
„Улогата на уметноста“, рече Папата, „е да стави „трн во срцето“, што нè придвижува кон контемплација, а контемплацијата нè става на патот.
Ватикан њуз/к.мк