Папата Фрањо: Во центарот на свештеничкиот живот е љубовта

Папата Фрањо: Во центарот на свештеничкиот живот е љубовта

Во четврток, на 4 април 2024 година, во Апостолската палата, папата Фрањо прими претставници на три папски заводи: „Пио Бразилијано“, „Пио Латиноамерикано“ и „Месикано“. Во говорот што им го врачи, тој истакна дека она што го приближува секој свештеник до Бога е да се дарува себеси на ближниот.

Во својот говор пред претставниците на латиноамериканските, бразилските и мексиканските папски заводи (Pontificio Collegio Pio Latinoamericano, Pontificio Collegio Brasiliano и Pontificio Collegio Messicano) подготвен од Светиот Отец и даден на присутните, Папата ги изразува своите размислувања за, како што тој рече: „Централната тема во животот на свештениците, а таа е љубовта“.

Љубовта, вистинската љубов, е она што нѐ собра сите овде, а да ја одржуваме жива е наша главна обврска. Секој повик се раѓа од љубовта кон изборот. Како и секој човек, Бог нè повика да бидеме негови деца и, меѓу нив, ни довери посебна задача што нè приближува до него: да се даруваме за другите. Тоа е нашата смисла на постоење, целта на нашата љубов, бидејќи со тоа ја извршуваме службата што Господ ја бара од нас, се вели во говорот на Папата.

Секој маж, секоја жена, секое дете во моите очи е член на тоа мистично тело чија глава е Христос. Да се делува in persona Christi значи да се биде вистинска слика на Исус, значи да бидеш „Вероника“ за секое лице, за секоја солза. Како? Бришејќи ги со своите свештенички одежди. Најпрво преку молитва, прикажувајќи ја секоја конкретна ситуација пред присутниот Бог: „Господи, еве го оној кој Го сакаш, страда“ (сп. Иван 11,3).

Понатаму, Папата продолжи со жртвеното евхаристиско принесување на целото наше битие. Кога Исус ни вели: „Можете ли да ја пиете чашата што ќе ја пијам?“ (Матеј 20,22), тој не бара само теоретска расположеност за мачеништво, туку радикално прифаќање на фактот дека сме тука за да ја вршиме неговата волја и да се одречеме од нашата. Нашето учење, нашата работа и нашиот одмор, секоја одлука, без разлика дали е витална или секојдневна, сѐ е во функција на таа служба, се вели во говорот на Папата пред претставниците на Латиноамериканскиот, Бразилскиот и Мексиканскиот завод.

Како трето, со понизност, знаејќи дека сум на пат, дека ми е потребна таа молитва, дури и повеќе од оние на кои сум повикан да служам. Самиот Господ, во смртната мака, бил утешуван од ангел (сп. Лука 22,43). Не ја потценувајте моќта на застапништвото на оние кои Бог ги поставил на вашиот пат: вашите воспитувачи, вашите колеги свештеници, луѓето од вашата најблиска околина. Накратко, верувајте во молитвите на сите членови на Божјиот народ и не заборавајте да се молите за нивните пастири и за мене, нагласи Папата, доверувајќи ги членовите на трите институти на заштитата на Пресвета Богородица од Гвадалупе.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот