Папата Фрањо во аудиенција ја прими претседателката на Република Словенија

Папата Фрањо во аудиенција ја прими претседателката на Република Словенија

Папата Фрањо во Ватикан ја прими претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар, каде што разговараа за позитивните билатерални односи, војната во Украина и нејзините глобални последици, како и политичката ситуација на Западен Балкан.

Разговорот меѓу папата Фрањо и претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар во понеделникот на 22 мај 2024 година во Ватикан траеше половина час. Од 8.50 до 9.20 часот Светиот Отец и претседателката – кој е во посета на Италијанската Република – разговараа во Апостолската палата. Претседателката Пирc Мусар потоа се сретна со кардиналот Пиетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол и надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со држави и меѓународни организации.

Разговор во Државниот секретаријат

Во срдечниот разговор, кој се одржа во Државниот секретаријат – како што соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол, е изразена благодарност за позитивните билатерални односи, како и за придонесот на Католичката црква во општеството. Во текот на разговорот станало збор и за различни меѓународни прашања, меѓу кои војната во Украина и нејзините глобални последици, како и политичката ситуација на Западен Балкан и идните перспективи на регионот во процесот на европска интеграција.

Подароци

Според обичајот, Pапата и претседателката разменија подароци. Папата на претседателката ѝ подари бронзено дело со наслов „Amore sociale“ на кое е прикажано дете кое му помага на друго да стане, со натпис „Amare Aiutare“. Светиот Отец, исто така и ја подари и Порака за мир 2023 година, Документот за човечко братство потпишан од Абу Даби во февруари 2019 година и книгата Statio Orbis објавена на 27 март 2020 година, за време на пандемијата Ковид-19, уредена од LEV, ватиканска издавачка куќа.

Претседателката Пирц Мусар на Светиот Отец му подари словенечки производи од мед и реплика на модел на пчеларник од познатиот словенечки пчелар Антон Јанша.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот