Папата Фрањо: Бракот не е фикција, туку Света Тајна на љубовта
Светиот Отец во недела 14 септември на празникот Возвишение на Чесниот Крст Господов во базиликата Свети Петар го предводеше евхаристиското славење. Во склоп на светата Миса Папата венча 20 пара од Римската бискупија. Во проповедта папата фрањо истакна дека во првото читање Словото Божјо говори за одот на народот низ пустината. Пред сѐ тоа се семејсвта: татковци, мајки, девца, дедовци, баби… машки и женски, од сите возрасти и многу деца, со старите многу тешко го поднесувале патот – рече Папата.
Овој народ потсетува на одењето на Црквата низ пустината во денешниот свет; на одењето на Божјиот народ, кој поголемиот дел го сочинувале семејствата. Тоа нѐ упатува на нашите семејства, кои секојдневно чекорат по патиштата на животот. Не е можно да се пресмета силата и тежината на човечноста на едно семејство: меѓусебна помош, воспитна близина, односи кои растат во согласност со растењето на човекот; радости и тешкотии. Но семејствата исто така се првото место каде што ние како луѓе се обликуваме, но во исто време се и тулите за изградбата на општеството – објасни Папата.
Враќајќи се на содржината на првото читање, папата Фрањо истакна дека во одреден момент на одењето низ пустината народот повеќе не можел да го поднесе патувањето.(Сп. 4 Мојсеева 21,4) Се умориле, им недостигало вода и се хранеле само со мана, храната која Бог ја провидел, но, која во тој кризен момент изгледала недоволна. Се жалат и се бунат против Бог и Мојсеј: Зошто не изведовте (Сп. 4 Мојсеева 21,4) Постои искушението да се вратиме назад; да се откажеме од патот – предупреди Светиот Отец…
Ни доаѓаат на памет оние сопружници кои не го поднесуваат патот на брачниот и семејниот живот. Тешкотијата на одењето станува внатрешен умор; се губи вкусот на бракот, водата од светотаинскиот извор (светата Тајна брак). Секојдневниот живот станува тежок, блуткав…
Во тие моменти на изгубеност – вели Светото Писмо – доаѓаат змии отровници кои го каснуваат народот и многумина умираат. Народот – гледајќи што се случи – се кае и бара од Мојсеј да им прости и да се помоли на Господ од нив да ги тргне змиите. Откако Мојсеј се помоли на Господ, Он им дава лек: бронзената змија обесена на стапот; кој и да ја погледне оздравува од змискиот отров – истакна Папата.
Бог не ги отргна змиите, но нуди противотров: преку бронзената змија, Бог посредува со својата исцелителска моќ, која што е Неговото милосрдие кое е посилно од отровот на искушувачот. Како што знаеме Исус се поистовети со овој симбол: Бог толку го возљуби светот, што го даде својот Единороден Син, секој што верува во Него да има живот вечен. (Ив 3,13-17); и таа бескрајна љубов на Отецот направи Синот да стане човек, слуга и за нас да умре на крстот. Заради тоа Отецот го воскресна и му даде власт над целата вселена (Фил 2, 6-11). Кој се доверува во распнатиот Исус, прима од Бог милосрдие, што го уништува отровот на гревот.
Лекот кој што Бог му го пружи на народот, посебно важи за сопружниците кои повеќе не го поднесуваат одењето и ги каснува искушението на обесхрабреноста, неверството, враќање и напуштање на сѐ. И на нив Бог Отецот им го нуди Исус – не за да ги обвини – туку за да ги спаси – додаде Папата. Дали му се доверуваат на Него, Тој ги лекува со милосрдната љубов кој извира од Неговиот крст, со силата на благодатта која обновува и која повторно ги става на патот на брачниот и семејниот живот.
Исусовата љубов која го благослови и посвети единството на сопружниците во состојба е да ја одржува нивната љубов и да ја обновува кога таа на човечки начин ќе се изгуби или исцрпи. Христовата љубов на сопружниците може да им ја врати радоста на заедничкиот живот, бидејќи бракот тоа и претставува – нагласи Папата – заедничко одење на еден маж и една жена во кое мажот има задача да и помага на жената за да биде повеќе жена; и во кое жената има задача да му помага на мажот за да биде повеќе маж… Тоа е реципроцитет на различноста.
Тоа не е рамен пат без никакви конфликти (и кавги), бидејќи тоа не би било повеќе она човечкото. Станува збор за ангажирано одење, на моменти напорно, а понекогаш полно со конфликти, но тоа е животот – потсети папата Фрањо. Бракот е симбол на животот, а не замисла (фикција)! Тоа е света тајна на љубовта помеѓу Христос и Црквата; љубов која на крстот ја пронаоѓа својата проверка (искушение, тест) и својата гаранција – заврши Светиот Отец.
РВ/Д.И.