Папата Фрањо: Бразилците ми го украдоа срцето

Девет месеци по завршувањето на Светскиот ден на млади во Рио де Жанеиро, Папата се сретна во Ватикан со организацискиот одбор на Светскиот ден на млади во Бразил, на чело со кардинал Ораниј Темпеста, архиепископ на Рио де Жанеиро.

Бразилскиот народ ми го украде срцето – рече Папата во спонтаниот говор до членовите на Одборот составен од: лаици, монаси и монахињи, свештеници и епископи кои овозможија – како што рече – љубовта Божја буквално да допре до милиони луѓе.

Во срдечниот говор Папата меѓу другото рече: „Пристигнувајќи во Бразил си реков дека сакам да одам во големото срце на Бразилците, барајќи одобрување тоа да го направам нежно и со народот да поминам една недела. Но на крајот од таа недела, враќајки се во Рим, исполнет со носталгија, помислив дека Бразилците се „крадливци“, бидејќи ми го украдоа срцето – рече Светиот Отец.

Ја користам оваа прилика – продолжи Папата – да ви заблагодарам на таа „кражба“, бидејќи во Рио де Жанеиро ме заразивте во својот ентузијазам, ми помогнавте да ја „совладам“ носталгијата за Бразил.

Знам дека не е лесно да се организира настан со такви големи размери, а понекогаш некој би и помислил дека повеќе не може да издржи, но напорите, па и моменталните недоразбирање се ситница пред величенственото Божјо лице на нашите бедни човечки сили. Тоа е динамика на умножувањето на лебовите – забележа Папата.

Зарем не беше така? – праша Светиот Отец, поттикнувајќи ги членовите на Одборот да гледаат во иднината, окрепени со сигурноста дека Бог секогаш ги умножува нашите напори за да се шири пораката од Светскиот ден на млади: „Одете храбро да служите. Мораме да бидеме „Црква која излегува“, рече Папата повикувајќи ги сите да го следат примерот на Јосиф де Анчиет, апостолот на Бразил, кој неодамна е прогласен за светец и во срцата на Бразилците да се зачува живиот пламен на љубовта кон Христос и неговата Црква.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот