Папата Фрањо за време на светата Литургија 29 јуни, на празникот свети Петар и Павле повика да бидеме градители на единство и Божји небесни гласници на земјата. Почитувајќи ги здравствените мерки, со ограничен број верници Светиот Отец служеше света Литургија на главниот олтарот на базиликата Свети Петар, под кој се наоѓа гробот на светиот апостол Петар.
Во склад со долгогодишната традиција Светиот Отец ги благослови палиумите, кои ги носат митрополитите и претставуваат символ на единство со Светиот Престол.
Во својата проповед Папата размислуавше за темите „единство и пророштво„, повикувајќи се на животите и искуствата на двајцата апостоли Петар и Павле, кои биле различни по своите карактери, а сепак одржувале заедништво како браќа. Нивната близина не била резултат на нивната природна поврзаност, туку доаѓа од Господовата заповед да се љубиме еден со друг. Тој е кој соединува – рече Папата.
Потоа папата Фрањо истакна дека извор на единството е молитвата и за пример ја даде Црквата која молеше за свети Петар кога бил во затвор. Тогашните верници не се жалеле за прогонствата, туку се собирла не молитва – рече папата Фрањо за време на светата Литургија по повод празникот Свети Петар и Павле.
Денес восклад со убавата традиција на посебен начин се соединуваме со екуменскиот патријарх во Цариград, Петар и Андреј биле браќа, и ние, кога е тоа можно, разменуваме братски посети на нивните празници, не само како љубезност, туку за да одиме заедно кон целта, која Господ ни ја одред, а тоа е полното единство – истакна папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк