Папата Фрањо: Бог е оној кој евангелизира

Оној кој е повикан да ги поделува светите Тајни во Црквата, мора да остави простор за Божјите милости и да не поставува пречки од „бирократски тип“, рече папата Фрањо на светата Литургија на 8 мај во капелата на домот Света Марта.

Бог е Тој Кој евангелизира, истакна папата Фрањо за да ја покаже вистинската спротивност на прекумерната администрација која што во Црквата понекогаш може да биде пречка во приближувањето на поединецот до Бог. Пример е апостол Филип кој во денешниот текст од Делата на светите Апостоли осветлува три јасни карактеристики на христијаните: „послушност на Духот, дијалог, доверба во милоста (Дела 8, 26-40).

Послушноста на Духот се гледа во моментот кога Духот го поттикнува Филип да го прекине тоа што го прави и да ја стигне кочијата во која од Ерусалим до Газа патува службеник на етиопската царица.

„Филип е послушен, кротко одговара на Господовиот повик. Сигурно оставил многу обврски, бидејќи апостолите тогаш биле многу зафатени со евангелизацијата. Остава сѐ и оди. А тоа ни покажува дека без послушност на Божјиот глас никој не може да евангелизира; никој не може да го навестува Исус Христос: во крајна линија, ќе се навестуваме самите себе. Бог повикува, Бог го испраќа Филип на пат, а Филип оди. Послушен е.“

За Филип, средбата со Етиопјанинот станува можност за навестување на Евангелието. На тоа навестување, толкува папата Фрањо не е поука која доаѓа од високо, не е наметната. Тоа е дијалог, кој апостолот внимателно го започнал почитувајќи го духовниот сензибилитет на својот соговорник, кој го чита, но не го сфаќа текстот од пророкот Исаија.

„Не може да се евангелизира без дијалог. Не може. Бидејќи ти мора да тргнеш од онаа точка на која се наоѓа човекот кој треба да го евангелизираш. Тоа е многу важно. Некои ќе кажат: Но, оче, се губи многу време, затоа што секој си има своја приказна, секој доаѓа со свои идеи…“ И се губи време… Многу време Бог изгубил во создавањето на светот… но добро го направил! Дијалог. Да губиш време со друг човек, затоа што тој друг човек е оној кој Бог сака ти да го евангелизираш, ти да му кажеш дека Исус е најважен. Но, таков каков што е, а не каков што треба да биде: онаков каков што е сега.

Зборовите на Филип кај Етиопјанинот будат желба за да биде крстен и така се случува. Филип му поделува крштение на Етиопјанинот. „Го доведува, рече Папата, во Божји раце, во рацете на неговите милости.“ А потоа Етиопјанинот ќе биде способен да поттикне раѓање на верата „и можеби тоа ќе ни помогне подобро да сфатиме: Бог е Тој Кој евангелизира.“

„Да размислуваме за оние три моменти на евангелизацијата: послушност заради евангелизација; да го напраиме тоа заради кое Бог нѐ праќа, второ: дијалог со луѓето – но во дијалогот да тргнеме од точката на која тие стојат. Трето: да се довериме на милостите: најважна е милоста од целата бирократија. Што пречи? Се сеќаваме на тоа. Често пати ние во Црквата сме како компанија која произведува пречки поради кои луѓето не можат да дојдат до милостите. Нека Господ нѐ поучи на тоа“, заврши папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот