Папата Фрањо: Бидете милосрдни како добриот Самарјанин

Ватикан, 14.7.2013 /к.мк/ – За прв пат во својот понтификат папата Фрањо го молеше Ангелот Господов во Кастел Гандолфо. Папата беше пречекан од епископот од Албано, Марцело Семераро, управителот на Папската летна резиденција, Савериио Петрилол и градоначалничката Милвија Монахезе.

*************************************************

Драги браќа и сестри, ова неделна средба се одржува во Кастел Гандолфо. Ги поздравувам жителите на овој прекрасен град! Сакам пред сѐ да ви се заблагодарам за вашите молитви, а и на сите вас драги поклоници кои дојдовте овде во толку голем број. Ви благодарам на вашите молитви.

Денешното Евангелие од Лука – е познатата парабола за добриот Самарјанин. Кој бил тој човек? Бил човек како и сите други, кој слегувал од Ерусалим кон Ерихон по патот кој поминувал низ Јудејската пустина. Не долго пред тоа, на истиот тој пат разбојници нападнале еден човек, го опљачкале, го претепале и го оставиле таму полумртов. Пред Самарјанинот, покрај него поминале свештеник и левит, односно две лица кои извршуваат богослужби во Божјот храм. Го погледнаа несреќникот, но продолжија понатаму не застанувајќи. Самарјанинот, напротив, „го виде и се сожали“ (Лука 10,33). И кога му се приближи, му ги преврза раните, поливајќи ги со елеј и со вино; па откако го качи на добитокот свој, го однесе во гостилница и тука му плати сместување… Зборовите, „се погрижи за него“: тоа е пример на љубовта кон ближниот. Но зошто Исус избрал еден Самарјанин за протагонист на таа парабола? Затоа што Евреите заради различни верски традиции ги презирале самарјаните; сепак Исус укажува на тоа дека срцето на тој Самарјанин било добро и великодушно и дека се разликува од она на свештеникот и левитот –  тој ја спроведува во дело Божјата волја, на кого милосрдието му е помило од жртвата. (сп. Марко 12, 33).

Човекот кој во полнина го живеел тоа Евангелие за добриот Самарјанин е светец кој денес го празнуваме: свети Камило де Лелис, основач на Општеството за негување болни, заштитник на болните и здравствените работници. Свети Камило умрел на 14 јули 1614 година, па денес започнува прославата за годишнината – 400 години од неговото раѓање, чиј врв ќе биде идната година. Ги поздравувам од срце сите духовни синови и ќерки на светиот Камило, кој ја живеат харизмата на љубов во секојдневниот нивен контакт со болните. Бидете како него – добри Самарјани! И лекарите, медицинските сестри и техничари и сите кои работат во болници и лекувалишта, сакам да бидат надахнати со истиот дух. Ја доверувам таа накана по заговор на Пресвета Марија.

По застапништво на Пресвета Богородица сакам да и доверам уште една накана. Прославата на Светскиот ден на млади во Рио де Жанеиро веќе е многу близу. Јас ќе отпатувам за осум дена, но многу млади ќе отпатуваат во Бразил и порано. Молам за тоа големо поклонение кое започнува, а Богородица од Апарецида, заштитничка на Бразил, да ги води чекорите на учесниците и да го отвори нивното срце да го прифатат посланието кое Христос ќе им го даде.

По завршувањето на молитвата Ангел Господов

Драги браќа и сестри, се придружувам на молитвите на епископите и верниците на Црквата во Украина кои се собрани во катедралата во Лутска на задушна света Литургија по повод 70 години од колежот во Волиниј. Тие настани, кои биле исход на националистичка идеологија во трагични околности во Втората светска војна, предизвикале десетици илјади жртви и создале рани на братството меѓу двата народа: полјаци и украинци. Ги доверувам на Божјото милосрдие душите на жртвите и за нивните народи молам милост за длабоко помирување и ведра иднина во надеж за искрена соработка околу изградбата Божјото царство.

Во мислите сум и со пастирите и верниците учесници на поклонението на семејства во организација на Радио Марија во Јасна Гора, Ченстохова. Ве доверувам под заштита на Мајка Божја и од срце ве благословувам.

Од срце ги поздравувам сите овде присутни поклоници: парохиски групи, семејства, млади, посебно тие кои се дојдени од Ирска, младите со оштетен слух коу учествуваат на меѓународна средба во Рим.

Ги поздравувам сестрите на света Елисавета, на кои и посакувам плодна духовна обнова; сестрите на Пресветото Срце Исусово, бројните семејства од различни националности; Ќерките на Божјата љубов, кои се собрани во главниот град, и поглаварката на Општеството на ќерките на Марија Помошничка.

На сите ви посакувам пријатна недела.

(Д.И.)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<