Папата формира совет на кардинали

Папата Фрањо на 30 септември, со своерачно потпишан документ го формира Советот на кардинали, односно група од 8 кардинали чии имиња се објавени на 13 април, а чија задача ќе биде да му помагаатт на Папата во водењето на Црквата и во планираните реформите во Римската Курија. На 1 октомври ќе биде одржан првиот состанок на советот, во присуство на Светиот Отец, а ќе трае до четврток 3 октомври.

За важноста на тој состанок зборуваше патер Федерико Ломбарди на брифингот одржан во прес-службата на Светата Столица, кој започна со толкување на документот во кој Папата точно ја одреди улогата и задачата на осумте кардинали. Пред сѐ, групата ќе се вика Совет, а освен тоа, истакнато е дека е резултат на произлезениот предлог од Општите конгрегации одржани пред последните конклави. Со тој документ, значи, се формира советот на кардинали кој ќе му помага на Папата во водството на Црквата и во повторно разгледување на апостолската конституција “Pastor Bonus” за Римската курија.

Патер Ломбарди истакна нов начин на управување на папата Фрањо и рече дека тој совет е збогатување на средствата кои му се на располагање на Светиот Отец во водството на Црквата и тоа по пат на советување. Во документот исто така се истакнува дека Советот, во кој бројот на членови може да се менува, сака да биде уште еден израз на епископско заедништво и помош во Петровата служба.

Наведувајќи притоа два клучни збора за – како што кажа – размислување за овој метод на управување кој Папата го обликува, патер Ломбарди истакна синодалност, односно замисла за заедничко движење: Црква која оди заедно во своите различни состави, и Папата кој оди заедно со таа Црква, и резолуција, која е барање на Божјата волја низ често трпеливо советување.

Директорот на прес- службата на Светата Столица потоа напомена дека осумте кардинали пристигнале овие денови во Рим, веќе неформално се состанале, пред првата средба со Светиот Отец. Советот на кардинали се подготви со помош на совети и предлози собрани во своите подрачја. Освен тоа, на Папата исто така му се испратени документи од повеќе дикастерии, како и од Дражавниот секретаријат. Станува збор за вкупно 80-тина документи од кои секретарот на советот, епископот Марсело Семераро направи целина.

Одговарајќи на прашања на новинарите, патер Ломбарди истакна дека Папата Фрањо со тој совет не воведува колегијално управување. Папата не е на никој начин условен. Кога би станало збор за колегијалност, би требало да се рече дека Папата мора со нив да се советува, или да мора да го свика во врска со одредени теми..Тука не станува збор за тоа, станува збор за Совет од кој може да се бара мислење – истакна патер Ломбарди.

Б.У


Категорија: Ватикан

За авторот