Папата упати честитики за еврејската Пасха
По повод еврејскиот празник Пасха, кој започнува на 22 април навечер и трае до сабота 30 април, папата Фрањо им упати на еврејската заедница во Рим најсрдечни честитики. Во пораката која ја прати до главниот римски рабин Рикардо Ди Сегњи, Папата со „обновена благодарност“ се присетува на средбата одржана на 17 јануари, кога беше „срдечо примен“ во римската синагога.
Еврејската Пасха потсетува дека Семоќниот го ослободува својот сакан народ од ропството и го поведе во Ветената земја – истакнува папата Фрањо. Тој и денес нека ве прати со избилен благослов, нека ја штити вашата заедница и со своето милосрдие на секој нека му подари мир. Ве молам да молете за мене, а јас пак ви ги гарантирам своите молитви за вас. Севишниот нека ни даде да можеме секогаш повеќе да растеме во пријателството – стои на крајот од пораката на Папата.
РВ/го*ко