Папата упати сочувство за смртта на кардинал Мајснер

Папата упати сочувство за смртта на кардинал Мајснер

Во телеграмата со сочувство, Папата Фрањо ја изразува својата тага за смртта на кардинал Јоаким Мајснер, кој почина на 83 години, поранешен надбискуп на Келн, Германија. Во телеграмата се вели: „Со длабока вера и искрена љубов кон Црквата, кардинал Мајснер беше посветен за навестувањето на Радосната вест. Нека Господ Христос го награди за неговата верна и храбра посветеност во корист на доброто за луѓето од Исток и Запад, и да го присоедини кон небесните светци”.

Кардинал Мајснер е роден на 25 декември 1933 година во Вроцлав, Полска (во тоа време градот припаѓал на Германија). Станува свештенички кандидат во семинаријата во Ерфурт и дипломира теологија. На 22 септември 1962 година е ракоположен за свештеник. На 17 март 1975 година папата Павле VI го именува за титуларен бискуп на Вина.

На 22 април 1980 година, Иван Павле II го назначува да ја раководи берлинската дијацеза, вклучувајќи ги Источен и Западен Берлин.

Од септември 1982 до 1989 година е претседател на Епископската конференција на Германија. На 20 декември 1988 година е именуван за надбискуп на Келн.

Кардинал Мајснер има учествувано на две конклави за избор на Папа и тоа на папата Бенедикт XVI и на папата Фрањо.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот