Папата упати порака до патријархот Вартоломеј

Папата упати порака до патријархот Вартоломеј

Кардинал Курт Кох, претседател на Папскиот совет за промовирање единство на христијаните, ја предводи делегацијата на Светиот Престол на прославата за празникот на Екуменскиот патријарх, свети Андреј.

Во рамките на традиционалната размена на делегации по повод празниците на светите заштитници – 29 јули во Рим, на празникот на свети Петар и Павле и 30 ноември во Истанбул, на празникот на свети Андреј – кардинал Курт Кох, претседател на Папскиот совет за промовирање единство на христијаните, ја предводи делегацијата на Светиот Престол на прославата за празникот на Екуменскиот патријарх. Во текот на свечената Божествена Литургија која во патријаршиската црква свети Ѓорѓи во Фанар ја предводеше цариграскиот екуменски патријарх Вартоломеј I, кардиналот на патријархот му ја предаде ракописната порака на Светиот Отец, која потоа и јавно е прочитана.

Иако сум далеку од Рим заради пасторалната посета на Мјанмар и Бангладеш – рече Папата – сакам да изразам најсрдечни братски честитки на Вашата Светост и членовите на Светиот синод, клерот, монасите и сите верници собрани на Божествената Литургија. Кога ѓаконот во текот на Божествената литургија ќе ги повика собраните да се молат за оние кои патуваат по земја, море и воздух, ве молам – пишува Светиот Отец – да се молете и за мене.

Испратената делегација, папата Фрањо ја претставува како знак – како што пишува – на мојата духовна солидарност со вашата молитва на благодарност и пофалба за сè што нашиот семоќен и милосрден Бог го остварил преку сведоштвото на апостолот Андреј. Како Католиците, така и православните, Папата ги потсети дека навестувањето на Словото Божјо, започнато од апостолите е знак на заедништво со Отецот, преку Синот во Светиот Дух.

Исповедајќи ги заедно догмите на првите седум екуменски собори, верувајќи во делотворноста на Евхаристијата и другите свети Тајни, и одржувајќи го апостолското наследување на епископската служба, католиците и православните веќе ја искусуваат големата близина едни со други – истакна папата Фрањо и додаде: Денес, благодарение на Бог на љубовта во послушноста на волјата на нашиот Господ Исус Христос, и во верноста за поучувањето на аспостолите, гледаме колку е итно потребно да се расте кон полното и видливо заедништво.

Папата потоа изрази радост заради тоа што во текот на состанокот одржан во пресрет на празникот на свети Андреј, на кој присуствуваше патријархот Вартоломеј, беше спомната 50 годишнина од посетата на папата Павле VI, на 25 јули 1967 година, односно – како што пишува Светиот Отец – историскиот момент на заедништво меѓу пастирите. Зборовите кои во таа пригода ги изговори патријархот Атенагора можат и понатаму да го водат дијалогот меѓу тие две Цркви – е уверувањето на папата Фрањо.

Да го обединеме, каде тоа е можно она што е поделено, делување во кое се вклучени двете Цркви, давајќи поголема сила на прашањата за верата и канонските стеги кои ни се заеднички. Да водиме теолошки дијалог според начелото на полното заедништво во темелите на верата, слободата и во теолошката мисла, кој треба да биде благ и поучен, и вдахнат од оците, и во различноста на локалните обичаи и навики, како што Црквата секогаш го правела од самиот почеток – рече тогаш патријархот Атенагора.

Благодарение на патријархот Вартоломеј за великодушното и срдечно гостопримство пружено на членовите на Координативниот одбор на Мешовитата меѓународна комисија за теолошки дијалог меѓу Католичката Црква и Православната Црква, папата Фрањо истакнува дека сака повторно да го охрабри тој теолошки дијалог. Договорот кој католиците и православните го постигнале за некои основни теолошки начела кои го уредуваат односот помеѓу приматот и синодалноста во животот на Црквата во првите векови, може да послужи за проценка – рече Папата и нагласи критички некои теолошки категории и практики кои се развиле во текот на вториот милениум, во согласнот со тие начела.

Тој договор може да ни помогне да го предвидиме заедничкиот начин на разбирање на извршувањето на службата на римскиот епископ, во контекст на синдалноста и во служба на заедништвото на Црквата во моменталните прилики. Таа чувствителна задача треба да се извршува во расположение на взаемна отвореност и пред сè во послушност на барањата кои Светиот Дух ги упатува на Црквата.

Обраќајќи се потоа – како што пишува – до драгиот брат во Христос, Папата вели дека последните месеци со голем интерес го следи учеството на Православната Црква на важни меѓународни настани, одржувани во целиот свет, за грижата на сето создадено, за мирен соживот на народите со различни култури и верски традиции, и за присуството на христијаните на Блискиот Исток. Ангажираноста на Вашата Светост – вели Папата – е извор на вдахновение, поддршка и охрабрување за мене лично затоа што добро знаете, ги делиме тие исти грижи.

На крајот папата Фрањо изрази надеж дека за тие теми католиците и православните ќе можат да промовираат заеднички иницијативи на локално ниво затоа што постојат многу контексти во кои православните и католиците можат веќе заедно да работат, не чекајќи го денот на полното и видливо заедништво.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот