Папата Фрањо упати порака до Алваро Калвенте, 15 годишно момче од Шпанија со тешкотии во развојот кој заедно со неговиот татко Илдефонсо и пријателот Франциско Милано го помина поклоничкото патување „Патот на свети Јаков“ (Camino de Santiago) и покрај пандемијата со коронавирус.
Го презеде тоа поклоничко патување и овозможи многу други да го преземат, охрабрувајќи нè да не се плашиме и повторно да ја откриеме својата радост, затоа што на својот пат никогаш не сме сами. Господ чекори секогаш со нас. Ти благодариме на сведоштвото и на молитвите“, пишува Папата осврнувајќи се на илјадници луѓе кои го следеа тоа ходочастие на момчето со инвалидитет, неговиот татко и пријателот на профилот „El Camino di Álvaro“ на социјалната мрежа Твитер кој има повеќе од 3.500 следачи.
„Ти благодарам Алваро, што најде храброст за тој пат и што си повикал многумина да одат со тебе. Среде оваа пандемија низ која поминуваме, со својата едноставност, радост и спонтаност успеа да ја разбудиш надежта кај многумина кои ги сретна на својот пат или преку социјалните медиуми,“ додава Папата во своето писмо од 20 јули.
Во едно од видеата споделено на спомнатиот профил на Твитер, Алваро кој негува голема љубов кон Папата, го поканува Светиот Отец на вечера во својот дом.
Ватикан њуз/к.мк