Папата упати порака до младите учесници на екуменската средба во Рига

Папата упати порака до младите учесници на екуменската средба во Рига

Во Рига главниот град на Латвија илјадници млади се собраа на 39. Средба на млади која ја организираше екуменската молитвена заедница од Тезе. Екуменската средба на млади ќе се одржи во овој град од 28 декември оваа година до 1 јануари следната година.

По тој повод Светиот Отец до младите упати порака која ја пренесуваме во целост.

Драги млади

Доаѓајќи од сите делови на Европа и од другите континенти неколку илјадници се собравте во Рига, во Латвија на 39. средба во организација и водство на Заедницата од Тезе. На тема „Да бидеме сведоци на надежта“ која ќе биде во фокусот на размислувањата и молитвите, папата Фрањо посебно ви е близу затоа што често ве повикува на никој да не му дозволите да ви ја „украде надежта.“

За време на молитвата на Светскиот ден на млади во Краков силно ја истакнуваше таа важна реалност на христијанската вера: „Во овој момент кога Господ нѐ повикува, Тој гледа на сѐ што можеме да направиме, на целата љубов која сме способни да ја споделиме. Тој секогаш се обложува на иднината, на утре. Исус ве поттикнува кон хоризонтот, никогаш кон музејот“ (30 јули 2016 година). Светиот Отец ви благодари што одлучивте да ја напуштите удобноста на вашиот дом за да го проживеете ова поклонение на доверба како одговор на повикот на Божјиот Дух.

Млади православни, протестанти и католици христијани живеејќи овие денови во вистинско братство ја покажувате својата желба да бидете протагонисти на историјата, а не на другите да им дозволите да одлучуваат за вашата иднина. Папата ве поттикнува да бидете во надежта стројни дозволувајќи Господ да живее во вашето срце и во вашиот секојдневен живот. Со Исуса верниот пријател кој никогаш не разочарува ќе бидете способни да одите кон иднината со радост; и своите таленти и способности ќе ги посветите за благосостојбата на сите.

Денес многу луѓе се вознемирени и обесхрабрени од насилството, неправдата, страдањето и поделбите. Имаат впечаток дека злото е посилно од било што друго. Затоа ве повикува папата Фрањо со своите зборови и дела да покажете дека злото го нема последниот збор во нашата историја. Бидејќи „е време на милости за секој и за сѐ“ и нека никој не мисли дека е отсечен од Божјата близина и силата на неговата нежна љубов (Апостолски поттик Misericordia i Misere глава 21)

Папата се надева дека овие денови кои ве собраа во Рига ќе ви помогнат да не се плашите од своите ограничувања, туку да растете во довербата кон Исус Христос и Господ Кој верува во вас и се надева на вас. Со едноставноста на сведочењето на братот Роџер градете мостови на пријателства и направете ја видлива љубовта со која Бог нѐ љуби. Од длабочината на своето срце Светиот Отец ви го поделува својот благослов: на вас драги млади кои учествувате на оваа средба, на браќата од Тезе, но и на сите луѓе кои во Рига и околината ќе ви искажат добредојде – стои на крајот од пораката на Папата до младите во Рига.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот