Папата упати повторно апел за мир во Украина и во Централноафриканската Република

Со тага во срцето молам за жртвите на тензиите кои и понатаму траат во некои краеви во Украина, како и во Централноафриканската Република. Го повторувам својот натажаен апел до сите конфликтни страни, да се надминат неразбирањата и трпеливо да се бара дијалог и помирување. Нека Марија, Царицата на мирот, на сите ни помогне со своето мајчинско застапување.

Денес се слави Светскиот ден на средствата за општествената комуникација, што има за тема комуникацијата во служба на културата на средба. Средствата за општествената комуникација може да го зајакне чувството на единство на човечките семејства, солидарноста и залагањето за достоинствен живот за сите. Да молиме за комуникацијата, во сите свои облици да биде навистина во служба за средба меѓу луѓето, заедниците, народите; средба заснована на почит и взаемно служење.

Вчера во Коловаленца за блажена е прогласена Марија Есперанца де Хесус, родена во Шпанија како Марија Јосефа Алхама Валера која во Италија ја основала дружбата служителки и синови на милосрдната љубов. Нека нејзиното сведоштво помогне Црквата да навестува насекаде со конкретни и секојдневни дела за бескрајното милосрдие на небесниот Отец кон секој човек.

Ве поздравувам сите вас, верници на градот Рим и ходочасници: семејства, парохиски групи, здруженија, училишта. Посебно ги поздравувам верниците од Лион и Париз како и оние од Тексас и Алендорф во Германија и групата италјанци кои живеат во Улм и Ној-Улм. Ги поздравувам младите и децата кои примиле или се подготвуваат за примање на светата тајна Миропомазание и ги поттикнувам да бидат радосни Исусови сведоци. Посебен поздрав за бројните италјански кампери кои се многу активни во солидарноста и велосепедистите кои ја покренаа иницијативата „Еден километар за Сирија.“

На сите ви посакувам пријатна недела. Добар апетит и до видување и молете се за мене!

Категорија: Ватикан

За авторот