Папата упати видео-порака до народот на Колумбија

Папата упати видео-порака до народот на Колумбија

Пред да отпатува во пасторална посета на Колумбија, Светиот Отец до народот на таа земја упати пригодна проповед. Папата своето патување го започнува на 6 септември, а го завршува на 11 септември 2017 година.

(текстот во целост)

Драг народ на Колумбија, за неколку дена ќе ја посетам вашата земја. Доаѓам како поклоник на надежта и мирот, заедно со вас да ја славам верата во нашиот Господ, па и да учам од вашата љубов и вашата упорност во барањето на мирот и слогата.

Срдечно го поздравувам и му се заблагодарувам на претседателот и епископите на Бискупската конференција за поканата да ја посетам Колумбија. Исто така благодарам на секој од вас кој ме прима во својата земја и во своето срце. Знам дека се трудевте – и дека сте се труделе многу – околу подготовките за ова средба. Благодарам на сите кои соработуваа и продолжуваат тоа да го прават за таа да се оствари.

„Да го направиме првиот чекор“ е мотото на ова патување. Тоа нѐ потсетува на тоа дека секогаш е потребно да се преземе првиот чекор, во било која работа или проект. Исто така нѐ гони да бидеме оние кои први ќе сакаат, ќе градат мостови и ќе создаваат заедништво. Правејќи го првиот чекор нѐ поттикнува да излеземе во пресрет на другиот; да пружиме рака и да размениме знак на мирот. Мирот е она што Колумбија го бара и околу неговото постигнување веќе долго се залага.

Стабилен и траен мир, за меѓусебно да се гледаме и однесуваме како браќа, а не како непријатели. Мирот нѐ потсетува на тоа дека сите сме деца на ист Отец, Кој нѐ љуби и теши. Почестен сум што можам да ја посетам ова земја со богата историја, култура, вера, луѓе кои настојуваа одлучно и упорно и создаоа место каде владее слога и братство; во која Евангелието е познато и сакано, каде да му кажеш некому брат и сестра не е нешто чудно, туку вистинско и сопствено богатство кое треба да се шири и брани.

На светот денес му е потребен советник за мир и дијалог. И Црквата е повикана на таа задача, да промовира помирување со Господ и со браќата, но и помирување со животната средина која е Божјо создание, а која диво ја искористуваме. Нека ова средба на секој од вас биде како братска прегратка и нека ја почувствува Господовата утеха и нежност.

Драги браќа и сестри во Колумбија, овие денови сакам да живеат со вас; со радосно расположение и со благодарност до Господ. Срдечно ве прегрнувам и го молам Господ да ве благослови, да ја заштити вашата земја и да ѝ подари мир. А нашата Мајка Пресветата Девица ја молам да се грижи за вас. И не заборавајте да се молете за мене. Ви благодарам се гледаме наскоро.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот