Од Сирија повторно пристигнуваат страшни вести, за бомбардирање со десетици жртви – рече папата Фрањо во пладневниот наговор за време на молитвата Царице небесна на 8 април 2018 година и повторно упати апел да се започне со патот за преговори. Тоа е единствениот пат кој може да доведе до мир, а не до смрт и и уништување – истакна Папата. Минатата ноќ, имено е извршен напад во Дума, упориште на сириските бунтовници во Источна Гота, недалеку од Дамаск, за кој има сомневање дека е извршен со хемиско оружје, а во кој има десетици загинати, најмногу жени и деца. Светиот Отец истакна дека моли за сите загинати, за ранетите и за семејствата кои страдаат и потсети дека нема добра и лоша војна, и дека со ништо не може да се оправда употребата на таквото разорувачко оружје врз невини поединци и народи
Светски ден на Ромите
Пред молитвата Царице небесна, папата Фрањо потсети дека на 8 април се одбележува Светскиот ден на Ромите, и посаката културата на средби да ја поттикне желбата за взамено запознавање и почитување. Папата, освен тоа, посака мир и братство за членовите на тие многу стари народи, истакнувајќи дека зад ѕидовите на недоверба се наоѓа патот кој води до вистинска интеграција. Молете за мене и заедно да молиме за вашите браќа, сириските бегалци – поттикна Папата.
Воскресение кај Источните Цркви
Светиот Отец исто така спомна – како што кажа – за браќата и сестрите од Источните Цркви, кои според јулијанскиот календар, го слават празникот Воскресение Христово. Воскреснатиот Гопосд нека ги исполни со светлина и мир и да ги утеши заедници кои живеат во посебно тешки услови – рече папата Фрањо.
РВ/к.мк