По завршувањето на Генералната аудиенција папата Фрањо упати апел за пронаоѓање решение за кризата во Чиле, каде високите цени предизивикаа насилни протести
По завршувањето на Генералната аудиенција папата Фрањо упати апел за изнаоѓање решение за кризата во Чиле, каде високите цени предизивикаа насилни протести. Со загриженост следам што се случува во Чиле. Се надевам дека со запирање на насилните протести и преку дијалог може да се изнајде решение за кризата и за доброто на целото население, да се соочат со тешкотиите кои произлегоа – рече Папата.
Имено, протестите се против владата и високите цени во Чиле, кои траат од 18 октомври, при што дојде до интервенција на војската. Досега загинаа 15 лица, повеќето во главниот град Сантијаго. Повеќе од 2.600 лица се уапсени за време на нередите и грабежите кои следуваа после одобрувањето на законот, кој потоа е повлечен, а со кој требаше да се зголемат цените на градскиот превоз. Тој закон ја зголеми социјалната напнатост во земјата.
Чилеанскиот претседател Себастијан Пинера, говорејќи од претстедателскиот кабинет, замоли за простување затоа што не ја сфатил сериозноста на настаната ситуација и најави низа предлози со социјални програми за национално единство. Пинера потоа истакна деа ги сослушал луѓето и изрази загриженост за јавниот ред во земјата. Предвидени се десетици мерки кои се однесуваат за зголемување на пензиите, намалување на трошоците за лекови и зголемување на минималната плата.
Ватикан њуз/к.мк