Папата: Теологијата се проучува коленичејќи

Папата: Теологијата се проучува коленичејќи

Теологијата треба да се занимава со „чудење“, кое произлегува од средбата со Исус, коленичејќи, и со Црквата, светиот народ Божји кој има чувство за вера – истакна папата Фрањо, примајќи ги во аудиенцијата членовите на Италијанското теолошко друштво на 29 декември 2017 година. Станува збор за друштво кое опфаќа повеќе од 330 теолози, а оваа година има јубилеј од 50 години делување, основано како плод на Вториот ватикански собор.

Sensus fidei

Додавајќи некои мисли на однапред подготвениот текст Папата се потсети на исповедта на една старица од Португалија. Била голема верничка, кога и поставував некои прашања многу добро одговараше, така што дури сакав да ја прашам дали студирала на универзитетот Грегоријана. Беше многу едноставна жена… но имаше чувство за верата, ‘sensus fidei’, го имаше она што не можеше да погреши нешто што е во врска со верата. Тоа го истакнува и Вториот ватикански собор – истакна Папата.

Да се навлезе во живата вера на народот

Кога би биле вистински верници нема потреба да завршиме академски студии по теологија – рече Светиот Отец. Постои чувство за реалноста на верата која припаѓа на целиот Божји народ, како оние кои немаат посебно интелектуални способности за да ја изразат, а бара да се прифати и слуша, а има и многу едноставни луѓе кои знаат да го изострат погледот со очите на верата. Секој теолог треба да се почувствува навлезен во таа жива вера на светиот народ Божји, и исто така треба да се знае таа се поттикнува, да се носи и да опфаќа – истакна Папата. Најмногу со желба и поглед кон мисонерската Црква која е на излегување, теолошката служба е посебно важна и итна – забележа папата Фрањо и објасни: Црквата која размислува на тој начин за себе, се грижи, како што напоменав во Апостолскиот поттик ‘Evangelii gaudium’ на сите жени и мажи да им се објасни што е центар и важна срж на евангелието, односно убавината на спасителската Божја љубов која се објавува во Исус Христос, кој умре и воскресна.

Теолошката работа е неопходна

Таа важна задача, во време на слоевитост и посебниот научен и технички развој, како и во култура која во минатото била градена врз христијанството, во која – според зборовите на Папата – денес може да шири искривени видувања на самото срце на евангелието, затоа е многу важна теолошката работа. За да може Црквата и понатаму да овозможува на денешните жени и мажи да ја слушнат сржта на евангелието, како евангелието навистина би допрело со секоја личност, и како би го опфатило општеството во сите негови димензии, незаобиколна е работата на теологијата, со нејзините настојувања околу размислувањата за големите теми на христијанската вера во длабоко променетата култура – истакна Папата.

Нови предизвици кои го окупираат човекот

Поради тоа е потребна теологија, која ќе помогне на сите христијани да навестуваат и да го покажуваат спасителното Божјо лице, милосрдниот Бог, посебно пред некои нови предизвици, пред кои денес се исправени луѓето – рече папата Фрањо и наведе некои од тие предизвици, како што се еколошката криза, развојот на неуронауката или техниката која може да го промени човекот, потоа сѐ поголемите општествени разлики и миграции на цели народи, како и теоретскиот, но и практичниот релативизам. Затоа е потребна теологија на христијанки и христијани, кои немаат намера да разговараат само меѓу себе, туку кои знаат дека се во служба на различни Цркви и во служба на Црквата, така што ќе преземат задача да размислуваат за Црквата како би била во склад со евангелието кое треба да се навестува.

Теологијата која треба да се промовира „заедно“ во складност со Соборот

Папата Фрањо потоа ги поттикна присутните да ја следат трагата, која ја остави Вториот ватикански собор, која ја промовира теологијата заеднички, а не како што е истакнато – индивидуалистички, самостојно, или пак уште полошо, според логиката на натпреварување. Истражувањето на теологот не може да биде лично истражување, туку заеедничко истражување на лица кои се навлезени во што поголема теолошка заедница, кои се чувствуваат дел од неа и се вистински дел од неа.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот