Папата: Староста е повик и послание
Светиот Отец зборуваше за вредноста и важноста на улогата на дедовците, бабите и останатите стари луѓе членови на семејството и општеството. Нивната молитва е дар и богатство за Црквата.
Молитвата на бабата, дедото и другите стари луѓе е голем дар и богатство за Црквата! – рече папата Фрањо на Генералната аудиенција на 11 март на плоштадот Свети Петар, продолжувајќи со минатонеделната катехеза за бабите, дедовците и останатите стари членови на семејството и општеството, зборувајќи за вредноста и важноста на нивната улога во семејството.
Прво го истакна фактот дека во современото општество постои стремеж за исклучување на старите луѓе, кое што Господ никогаш не го прави – уште повеќе нè повикува да го наследуваме во секоја животна возраст; и староста со себе си носи своја милост и послание; таа е вистински Божји повик – смета Папата.
Сеуште не е време да се повлечат веслата – продолжи – бидејќи во тој период од животот поразличен од претходниот треба да бидеме снаодливи, бидејќи нашето општество не е ниту морално ниту духовно подготвено да му ја признае вистинската вредност. Некогаш не било вообичаено да имаш толку време на располагање, што денес е уште повеќе нагласено. Му благодарам на Бог, не ни недостасуваат сведоштва на светци и светици! – истакна Светиот Оцец.
Длабоко ме трогна Денот на старите луѓе кој што лани го организиравме овде на плоштадот – продолжи Светиот Отец, додавајќи дека имал можност да слушне приказни на старци и старици кои се трошат за другите и поттикна да се продолжи размислувањето во таа насока, како на граѓанско така и на еклезијално ниво. Се сети на утешителниот дел од Светото Писмо за старецот Симеон и Ана кои исто така биле во поизминати години, но сепак секојдневно и верно ја исчекувале Божјата посета. Тоа долго исчекување станало нивна преокупација, бидејќи тогаш повеќе немале поважни обврски.
Всушност кога Марија и Јосиф влегле во храмот за да го исполнат законскиот пропис, Духот ги придвижува Симеон и Ана (Лк 2,27) и тежината на возраста и исчекувањето исчезнале во моментот. Го препознале Детето и добиле нова сила и нова задача: да се заблагодарат и да сведочат за тој Божји Знак. Симеон составил прекрасна химна (Лк 2, 29-32), а Ана станала прва Исусва навестителка, бидејќи зборувала за Детето на сите кои го исчекувале откупувањето на Ерусалим (Лк 2,38) – објасни папата Фрањо.
Светиот Отец потоа ги поттикна сите стари луѓе да се упатат по патот на овие двајца посебни старци и да станат и тие на некој начин поети на молитви и да уживаат во составувањето на Божјите зборови. Молитвата на бабата, дедото и сите стари луѓе е голем дар за Црквата! – рече Папата – голема доза на мудрост за целото човечко општество, а посебно за она кое е премногу премногу зафатено, и расфрлено.
Папата за пример го даде и Бенедикт XVI кој во последната фаза од својот живот се даде на молитва и слушање на Бог, а ги спомна и зборовите на големиот православен верник, Оливиера Клемент: Во општество во кое повеќе не се моли, староста ја губи смислата. Тоа е она што ужаснува. Пред сè ни се потребни старци кои молат, затоа што староста ни е дарувана – смета Папата.
Можеме да му благодариме на Господ за примените добра и да ја исполниме празнината на неблагодарност; можеме да посредуваме во корист на очекувањата на новите генерации и да дадеме почит на сеќавањето и жртвите на претходните генерации. Можеме да ги потсетуваме младите дека животот без љубов е сув; а оние кои се плашат дека болката која донесува иднина може да биде совладана. На младите премногу заљубени во себе можеме да ги поучиме дека радоста е повеќе во дарувањето отколку во примањето. Бабите и дедовците прават постојан хор на големо духовно светилиште каде што молитвата, барањата и химната на благодарност ја поддржуваат заедницата која работи и се бори за живот.
Молитвата на крајот постојано го прочистува срцето. Благодарноста и барањето го чуваат срцето од стврднување од лутина и себичност. Колку е грд цинизмот на старците кои ја изгубиле смислата за своето сведочење, кои ги презираат младите и не комуницира со животната мудрост! – рече Светиот Отец и додаде: – а колку е убаво охрабрувањето кое старецот успева да го пренесе на младите во потрагата за смислата на верата и животот!
Тоа е вистинското послание на бабите и дедовците и повикот на старите. Зборовите на дедовците и бабите содржат нешто посебно за младите и оние кои тоа го знаат. Пишаните зборови на баба ми кои ми ги даде на денот на свештеничкото ракополагање уште ги носам со себе во бревијарот и често со задоволство ги читам. Колку сакам Црква која со културата на отпад се натпреварува со изобилни радости на нова прегратка помеѓу младите и старите луѓе. Всушност тоа денес го молам од Господ! – рече папата Фрањо.
На крајот на самата аудиенција Светиот Отец посебно се сети на младите, болните и младенците. Овој месец се сеќаваме на 500 годишнина од раѓањето на света Тереза Авилска од Исус. Нека ве поддржува нејзината ревност, драги млади, да ве поддржува во радосното сведочење на верата во животот; нејзината доверба во Христос Спасителот, нека ве поддржува драги болни во моментите на големи страдања; а нејзиниот неуморен апостолат драги младенци ве поттикне Христос да го ставите во центарот на својот брачен дом – заврши на крајот Папата.
РВ/Д.И.