Папата со порака до „Медитеранот, море на мостови“

По повод меѓународната средба „Медитеранот, море на мостови“ Папата во пораката до учесниците изрази желба таа иницијатива која ги „собира младите од различни народи да разбуди обновени настојувања во корист на културата на прифаќање и солидарност, промовирајќи со тоа мир и братство меѓу народи.“

Светиот Отец поттикна „присуството на голем број браќа и сестри мигранти се смета за можност за човечки раст, средба и дијалог меѓу културите и религиите, како и можност за сведочење на Евангелието на љубовта.“

Потсетуваме дека на 14 август во јужниот дел на Италија е претставен документот на оваа иницијатива за кој монс. Вито Анџули, епископ на местото Света Марија од Лека рече дека станува збор за „момент на дијалог, средба и соочување на култури, религии и различни сензибилитети.“

Епископот рече дека учесниците на средбата посакале Медитеранот повторно да стане „природен мост“ водејќи сметка секако за новите ситуации – проблемите и конфликтите посебно за оние кои папата Фрањо ги спомна. Во поглед на „поефикасно и посолидарно прифаќање“ рече дека пред сè смета на воспитанието на младите, особено затоа што самите млади учесници на иницијативата „Медитеранот море на мостови“ во своите земји ќе бидат носители на пораката.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот