Папата: Со милостињата фалете го Бог

На 9 април претпладне на плоштадот Свети Петар папата Фрањо ја одржа новата аудиенција во Јубилејната година зборувајќи за милостињата како за важна крактеристика на милосрдието. Милостињата може да изгледа едноставна работа, но треба да се чува од обзвреднување на тие гестови.

На 9 април претпладне на плоштадот Свети Петар папата Фрањо ја одржа новата аудиенција во Јубилејната година зборувајќи за милостињата како за важна крактеристика на милосрдието. Милостињата може да изгледа едноставна работа, но треба да се чува од обзвреднување на тие гестови. Во грчкиот јазик милостињата значи милосрдие; милостињата треба да биде израз на милосрдието. Како што милосрдието има илјадници облици така и милостињата може на многу начини да се изрази за да се намали неволјата на оние кои се во потреба – рече папата Фрањо.

Бог бара посебно внимание кон сиромашните

Обврската за давање милостиња е стара колку што е стара Библијата. Жртвата и милостињата го обврзувале секој верник. Во Стариот завет има важни страници каде Бог поттикнува на посебно внимание кон сиромашните: или се без посед, или се странци, или сираци, или водовици – истакна папата Фрањо.

Со милостињата фалете го Бог

Зборувајќи спонтано Папата додаде: Во Библијата постојано се повторуваат зборовите: сиромав, вдовица, странец, сирак. Тоа е така затоа што Бог сака неговиот народ да се грижи за тие наши браќа. А јас тврдам дека со милостиња и жртва се фали Бог – потенцира Папата.

Радосно да се дава милостињата

Со обврската за грижа за сиромашните познат и вреден е записот: „Подај му драговолно заем, колку што сака и колку што му треба, а кога му даваш, да не ти се нажали срцето твое…“ (5 Мој 15, 10). Тоа значи дека милосрдието пред сè бара внатрешна радост. Давањето милостиња не смее да биде товар или досада од која треба брзо да се ослободиш – рече Светиот Отец.

Оправдување за недавање милостиња

Во спонтаниот говор Папата додаде: Само за да не дадат милостиња многумина се оправдуваат зборувајќи: „А каков е тој што ќе му дадам пари, ќе оди и ќе се опијани!“ Но, тој се пијани затоа што нема друг пат! А што правиш ти скришум? Кога никој не те гледа… А зарем ти си судија на тој беден човек кој од тебе бара пари за чаша вино? – праша Папата.

Бог дава со иста мерка

Со задоволство се сеќавам на сцената за стариот Товија кој добивајќи голем износ на пари го повикал својот син и го поучил со овие зборови: „Од имотот твој давај милостиња (…) Не свртувај го лицето твое од сиромавиот, па и Бог нема да го сврти Своето лице… (Тов 4, 7-8). Овие се многу мудри зборови помагаат да се сфати вредноста на милостињата – рече Папата.

Да се гледат во очи сиромашните

Осврнувајќи се на прочитаниот дел од Евангелието по Матеј (6, 1-4), Папата ја истакна јасноста на Исусовата поука. Вели да не даваме за да не фалат или луѓето да се восхитуваат на нашата великодушност: „да не знае твојата лева рака што прави десната.“ Не е важна надворешноста, туку застанување и гледање во лицето на човекот кој бара помош. Нека секој се запраша: Дали сум способен да застанам и да го погледнам во лице, во очи човекот кој од мене бара помош? Дали сум способен – повтори Светиот Отец.

Вредноста на милостињата не е да се фрли паричка

Милостињата не треба да се поистоветува со фрлена паричка не гледајќи го човекот во очи и не интерисирајќи се што му е потребно. Истовремено треба да се разликува помеѓу сиромавиот и разните облици на просење кои не прават добра услуга на сиромашните. Милостињата е дело на љубовта израз на вистинско внимание кон ближниот кој бара помош направена во сокриеност, чија вредност единствено Бог ја познава – истакна Папата.

Милостињата треба да има вкус на жртва

Давањето милостиња треба да има жртвена карактеристика. Се сеќавам една мајка имаше три деца. Децата секогаш зборуваа дека на луѓето во потреба треба да им се дели милостиња. Еднаш биле на масата сите имале по парче месо. Тогаш некој затропал на вратата. Најстарото дете отишло да ја отвори вратата, веднаш се вратило говорејќи на мајка му: Мамо еден сиромав бара нешто за јадење, што ќе му дадеме? – прашало детето.

Сите тројца одговориле: „Да му дадеме.“ Секој дал по половина од своето и така му подготвиле два сендвича. Милостињата треба да биде одрекување од нешто, жртва, нешто што самите ќе го почувствуваме. Тоа е споделување и сочувствување со сиромавиот; треба да се откажеш од нешто и да се даде како помош на оној во потреба. Родители, научете ги своите деца да даваат милостиња, да бидат великодушни со она што го поседуваат – поттикна Светиот Отец.

Поблажено е да даваш отколку да примаш

Светиот Отец ја заврши катехезата со поттик да ги усвоиме зборовите на свети Павле: „Во сѐ ви дадов пример така треба да се трудите и да помагате на немоќните и да се сеќавате на зборовите на Господ Исус кој самиот рече: „Поблажено е да се дава отколку да се прима.“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот