Папата со верниците од Картахена измоли Ангел Господов

Папата со верниците од Картахена измоли Ангел Господов

На 10 септември 2017 година, папата Фрањо заедно со верниците на колумбискиот град Картахена, пред црквата Свети Петар Клавер ја измоли молитвата Ангел Господов, повикувајќи ги да обратат внимание на примерот на сиромашната и понизна земја.

Пред молитавата, Папата потсети на начинот на кој е обновена иконата на Пресвета Богородица од Чикинквире, пред која се молеше минатиот четврток во катедралата во Богота. Рече дека сликата долго време била напуштена, безбојна, искината и полна со дупки. Кон неа се однесувале како кон парче ткаенина, не ѝ се искажувало почит и конечно била отфрлена.

Според традицијата, понизната жена, Марија Рамос, видела нешто друго во тоа парче ткаенина. Папата рече дека таа имала храброст и вера да ја обнови сликата и да ѝ го врати нејзиното загубено достоинство. Ја сретнала и искажувала почит кон Марија која го држала својот Син во прегратка, правејќи го токму она што било презрено и бескорисно во очите на другите. Папата Фрањо рече дека таа на тој начин станала пример за сите оние кои, на различни начини настојуваат да го вратат достоинството на нашите браќа и сестри кои се притиснати од болката на животните рани, на сите оние кои настојуваат да го обноват достоинството на оние кои се исклучени.

Светиот Отец рече дека Господ нè учи со примерот на понизните и на оние кои не се ценети затоа што, со својата маленкост, се способни да го препознаат сјајот на божественото светло кое преобразува и ги обновува сите работи. Конечно Папата рече дека Блажена Дева Марија од Чикинквире, како и примерот на свети Петар Клавер нè повикуваат да работиме на промовирање на достоинството на сите луѓе, посебно на сиромашните, отфрлените, напуштените, мигрантите, како и на оние кои се жртви на насилство и трговија со луѓе. Сите оние кои го поседуваат човечкото достоинство затоа што се жива слика Божја – заврши папата Фрањо.

По молитвата Ангел Господов, Светиот Отец повика на отфрлање на секакво насилство во политичкиот живот и на ставање крај на кризата во Венецуела. На присутните им рече дека се моли за секоја земја поединечно во Латинска Америка, а на посебен начин за Венецуела. Изрази близина на венецуелскиот народ, како и на сите оние кои пронашле добредојде во Колумбија.

Повикувам на отфрлање на секакво насилство во политичкиот живот и на решавање на моменталната тешка криза која ги погодува сите, посебно најсиромашните, и оние кои се наоѓаат на најнеповолна општествена положба – рече Папата и на крајот се помоли на Блажена Дева Марија да се застапува за сите потреби во светот како и за секое свое дете.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот