Папата: Современите облици на ропство се полоши од минатите

Во светскиот економски систем во кој владее профитот се развија нови облици на ропство кои во одредена смисла се полоши и понехумани од минатите – предупреди Светиот Отец во говорот на 18 април до учесниците на пленеарното заседание на Папската академија за општествени науки.

Во светскиот економски систем во кој владее профитот се развија нови облици на ропство кои во одредена смисла се полоши и понехумани од минатите – предупреди Светиот Отец во говорот на 18 април до учесниците на пленеарното заседание на Папската академија за општествени науки. Денес меѓу „најмалите браќа и сестри“ се наоѓаат и луѓе кои се подложени на модерните облици на ропство, присилна работа, трговија со органи, дрога – рече Папата.

Светиот Отец потсети на ликот на свети Петар Клавер кој се нарекувал „роб на робовите“ во периодот кога „ропството било многу раширено и општествено прифатено, за жал – и скандалозно – и меѓу христијаните.“ Бројни светци и светици – додаде Папата – се бореле против ропството, вдахнати од зборовите на свети Павле од Посланието до Филимон: Не повеќе роб, туку љубен брат во Господ.

„Знаеме дека историското укинување на ропството како општествена структура е директна последица на пораката за слобода која Христос ја донесе на светот во полнината на милостите, вистината и љубовта со својата програма на блаженства“ – нагласи папата Фрањо. Соочени со новите облици на тоа зло и денес сме повикани да го осудиме ропството и да се бориме против него, но пред сè треба да работиме на подигнување на свеста бидејќи ропството заради скандалозната и „политички некоректната“ природа сака да се сокрие.

Папата Фрањо уште еднаш рече дека ропството е „најтешкото злосторство, рана на телото на денешното човештво.“ Целото човештво тоа треба да го види особено кога се работи за национални и меѓународни закони, за трговците со луѓе да се доведат до правдата, а нивните неморално стекнати средства да се пренаменат за помош на жртвите. Повикани сме – рече Папата – да ги подобруваме начините на помагање на жртвите, ажурирајќи ги и прописите за правото на азил. „Треба да порасне свеста на граѓанските власти за сериозноста на таквата трагедија која е назадување на човештвото.“ На тие нови облици на ропство повеќе пати пружаат заштита институциите кои напротив треба да го штитат народот од тие злосторства – предупреди Папата.

„Потребно е да градиме земски град во светлината на блаженствата и така да одиме кон небесата заедно со малите и последните“ – порача на крајот папата Фрањо на учесниците на пленеарното заседание на Папаската академија за општествени науки.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот