Папата: Смртта е премин од еден во друг живот

Верата е најубавото наследство кое можеме да го оставиме на другите – рече Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 4 февруари која ја служеше во капелата на домот Света Марта. Папата рече дека не треба да се плашиме од смртта затоа што животот продолжува.

Верата е најубавото наследство

Верата е најубавото наследство кое можеме да го оставиме на другите – рече Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 4 февруари која ја служеше во капелата на домот Света Марта. Папата рече дека не треба да се плашиме од смртта затоа што животот продолжува.

Размислувањето за смртта го просветлува животот

Осврнувајќи се на првото литургиско читање за смртта на Давид, Папата потсети дека секој живот има крај; овој факт не ни се допаѓа многу, секогаш го криеме, но е секојдневна реалност. Размислувањето за смртта го просветлува животот, таа реалност секогаш треба да ја имаме пред себе – опомена папата Фрањо додавајќи:

На една Генерална аудиенција во среда меѓу болните имаше и една стара чесна сестра, со весело лице и јасен поглед. Ја прашав: „Колку години имате?“ Со насмевка на лицето ми одговори: „83; го завршувам својот живот за да го започнам новиот со Господ затоа што имам рак на панкреасот.“ Таа жена спокојно го живеала своето монаштво. Не се плашела од смртта: „Го завршувам својот за да го започнам другиот.“ Смртта е премин од еден во друг живот. Добро е да размислиме за тоа – рече Светиот Отец.

Верата е најубавото наследство

Давид со Израел владеал четириесет години. И четириесетте години поминаа – рече Папата. Пред смртта Давид го поттикнува синот Соломон да го почитува Божјиот закон. Давид во текот на животот многу грешел, но научил да бара прошка и затоа Црквата го нарекува „светиот цар Давид“. Грешник, но светец. Сега на смртната постела на синот го остава најубавото и најголемото наследство кое некој маж или жена може да го остави на децата: ја остава верата – рече Папата додавајќи:

Кога се составува тестаментот, стои на кој што му се остава … Да, добро е сè, но најубаво, најголемо наследство кое некој маж или некоја жена може да го остави на своите деца е верата. Давид се сеќава на Божјите ветувања, на својата вера во тие ветувања и со неа го запознава синот. Во наследство му ја остава верата – рече Светиот Отец.

Кога на родителите на обредот Крштението им даваме запалена свеќа, светлото на верата им говориме: „Сочувајте ја, поттикнете го растењето на својот син или во својата ќерка и остави ја во наследство. Верата треба да се остави во наследство нè поучува Давид и умира едноставно како и секој човек. Тој добро знае што треба да го советува синот и кое е најдоброто наследство кое му го остава: не е царството, туку верата – објасни Папата.

Бог е верен, Тој е Отец Кој никогаш не изневерува

Би било добро да се запрашаме: „Кое наследство го оставам од својот живот?“ Ја оставам ли верата како наследство? Да го молиме Господ две работи: прво да не се плашиме од смртта; второ сите од својот живот да можеме да го оставиме најдоброто наследство, верата во верниот Бог Кој секогаш е со нас, Кој е Отец и Кој никогаш не изневерува – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот