На третиот ден од престојот во Мјанмар, во средата на 29 ноември, папата Фрањо во утринските часови служеше свечена света Литургија на стадионот во Јангон, каде се собраа околу 150.000 верници.
Црковната заедница од околу 700.000 верници во Мјанмар е многу жива со силни чувства за солидарност без оглед на верската или етничката припадност, настојувајќи да пружи помош на жртвите од вооружените етнички конфликти, чии последици сè уште се чувствуваат. Многумина се спуштија пеш од планински подрачја за да го видат Петровиот наследник.
Патот на осветата не е Исусов пат, туку сосем нешто друго, истакна Папата во проповедта. Заради омразата и презирот ја поднесува маката и смртта, но Тој со сочувство простува. Многу заедници и со ограничени средства го навестуваат Евангелието повикувајќи ги припадниците на племенски групи, без никаков притисок да го прифатат. Во распнатиот Христос го наоѓаме сигурниот компас, кој може да нè доведе до Божјата светлина. Во неговите рани можеме да најдеме сила за лекување на сите рани, рече Папата и продолжи дека му е добро познато дека многу луѓе во Мјанмар ги поднесуваат раните и видливото и невидливото насилство. Секако дека во световното размислување постојат искушенија за освета, што произлегува од гневот и желбата за освета. Меѓутоа тоа не е Исусовиот пат, повтори Папата и додаде дека Евхаристијата нè учи дека одмор ќе пронајдеме во Христовите рани, кои ќе нè очистат од сите наши погрешни патишта, со кои сакаме да одговориме на нанесеното насилство.
Папата изрази надеж дека во Христовите рани, мјанмарските католици ќе го вкусат мирисниот лек на милосрдието на Отецот и ќе пронајдат сила за и другите да го запознаат. Евангелската порака на простување и милосрдие се служи со логиката која сите не ја сфаќаат и која наидува на разни пречки. Неговата љубов која се објавила на крстот е незапирлива. Тоа е еден вид духовно GPS, кое нè води сигурно до интимниот Божји живот и до срцето на ближниот.
После светата Литургија следуваше средба со Врховниот совет на будистичката монашка заедница Санга, а потоа средба со мјанмарските епископи во салата покрај катедралата Света Марија.
Утрена наутро, Папата во катедралата Света Марија во Јангон ќе служи света Литургија со младите, а потоа ќе следува збогување на аеродрмот од каде што Светиот Отец со авион ќе се упати кон главниот град на Бангладеш, Дака. Таму Папата ќе помине три дена, како и во Мјанмар, каде во повеќе наврати истакна дека за иднината на ова земја е потребен мирот на што мора сите да работат.
РВ/к.мк