Папата служеше Божествена литургија во Прешов

Папата служеше Божествена литургија во Прешов

Папата Фрањо ја предводеше Божествената литургија од византиски обред во Прешов, повикувајќи ги верниците од Словачка „да ги свртат очите“ на своите срца „кон распнатиот Исус“.

Во вторник, 14 септември 2021 година во Прешов, папата Фрањо ја предводеше Божествената литургија на празникот Возвишение на чесниот и животворен крст.

Литургијата на византискиот обред, ја служеше митрополитот и архиепископ на Прешов, Јан Бабјак во сослужение на многубројни источни и западни католички прелати.

Во својата проповед, папата Фрањо ги повтори зборовите на Свети Павле: „Дојдов да ви го соопштам… Исуса Христа, и тоа – Распнатиот… силата и мудроста Божја“. Крстот, кој површно може да изгледа како „соблазна“ и „лудост“, ни ја открива „убавината на Божјата љубов“: „Крстот беше инструмент на смртта, но сепак стана извор на животот“.

Папата истакна дека на Литургијата во вторникот, извештајот за распнувањето е преземен од Евангелието според Иван, кој бил лично присутен во подножјето на Крстот. Свети Иван, рече тој, „глед и сведочи“.

Гледајќи

Во подножјето на Крстот, Иван го гледа Исус, невин човек, убиен. „Во очите на светот, Крстот претставува неуспех“. И ние, рече Папата, можеме површно да гледаме на Крстот, не успевајќи да ја видиме неговата порака. Наместо тоа, копнееме за триумфалистичко христијанство, губејќи ја од вид понизната љубов кон Исус. „Христијанството без крст“, рече папата Фрањо, „е световно“ и стерилно христијанство.

Наместо тоа, свети Иван во Крстот точно го виде Божјото присуство и дело, кој избра да влезе во бедата на човечката историја на овој начин. Крстот, рече папата Фрањо, ни покажува дека никој не е во толку очајна ситуација за да не може да го најде Христос таму, во своето страдање.

Папата Фрањо рече дека мора да научиме да ја гледаме славата на Крстот живеејќи ја, гледајќи го распнатиот Исус и отворајќи ги нашите срца за Него.

Сведочење

Размислувањето за Исус на крстот води до сведочење, рече Папата. Со тоа, лицето на Исус се отсликува на нас самите: „Неговите црти стануваат наши, Христовата љубов нѐ победува и нѐ преобразува“.

Папата Фрањо размислуваше и за мачениците од нашата понова историја, особено за мачениците во Словачка. Нивното сведоштво „е родено од љубов кон Оној за Кого долго размислувале, до тој степен што личеле на Него дури и во нивната смрт“.

Папата инсистира на тоа нашето сведоштво не смее да биде световно или рамнодушно. „Сведок, кој го носи Крстот во своето срце … на никој не гледа како на непријател, туку секој го гледа како сестра или брат за кого Исус го даде својот живот“. Единствената стратегија за сведочење на Крстот е „онаа на Учителот: понизната љубов“.

Папата Фрањо ги повика верниците да го „негуваат споменот“ на сведоците што самите ги видоа. Тој, исто така, ги потсети дека „денес, Господ, од потполната тишина на Крстот, го прашува секој од вас: Дали сакаш да бидеш мој сведок?

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот