Папата слави 40 години во Дружбата Исусова

Ватикан, 22.4.2013/ к.мк/ – Денес се навршуваат 40 години откако тогашниот отец Бергољо беше свечено примен во Дружбата Исусова (22 април 1973). Овој датум има посебно значење, бидејќи Исусовците на овој ден по долга духовна подготовка ги полагаат своите „вечни завети“. Датумот е од посебно значење, бидејќи традицијата го поврзува со 22 април 1542, кога Игнациј од Лојола, заедно со неговите другари ги полага своите први завети во Рим, пред иконата на Пресвета Богородица, каде Папата Фрањо се задржа во кратка молитва на крајот од Светата Литургија во базиликата Свети Павле во неделата на 14 април.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<