Папата славеше света Литургија со ватиканската жандармерија

Во Ватикан е забрането озборување, бидејќи јазикот нанесува зло – нагласи во сабота 29 септември папата Фрањо во проповедта на светата Литургија за ватиканската жандармерија, која ја славеше во пештерата Богородица Лурдска во Ватикан.

Злото има влез во ватиканската тврдина и се вовлекува за да го шири својот отров, како што е озборувањето – кога еден зборува против друг и така го разорува единството. На ширењето на тоа каколот никој не е имун. Папата на ватиканските жандари не им зборуваше за нивната улога за чување на ватиканската безбедност, туку за противникот со кој веројатно водат остра борба поопасна од општиот криминал.

Некој од вас би ме прашал: „Оче, што имаме ние со ѓаволот? Ние мора да ја браниме оваа држава, овој град од крадци, криминалци, непријателите да не го освојат. Вистина е, но Наполеон нема повеќе да се врати. Отиде засекогаш. А всушност нема да дојде ниедна војска да го освои градот. Денес, барем овде, се води друга војна, војна на темнината против светлината, ноќта против денот”- истакна Светиот Отец.

Поради тоа, ве молам да ги чувате не само вратите и прозорците на Ватикан, и тоа е потребно, туку да ги чувате како свети Михаел, вашиот небесен небесни заштитници, вратите на срцата на оние кои работат во Ватикан, кади има искушенија како и насекаде. Постои едно искушение многу омилено на ѓаволот. Сакам да ја кажам – зборувам за сите, па и за мене – а тоа е искушението против единството, кога е во опасност единството на ватиканските вработени. Таа војна се води со јазикот, а не со познатите оружја – истакна Папата.

Светиот Отец секогаш предупредува на опасноста од озборувањето. Од вас барам да нѐ браните од озборување. Да се молиме на свети Михаил да ни помогне во оваа војна: никогаш да не зборуваме лошо за другите, никогаш да не слушаме озборувања. А ако слушнете некој да озборува, запрете го! Не, овде не смее да се озборува. Заврти се и излези надвор и таму озборувај. Овде не може! Еден за друг може да зборувате добро, а не да ширите невистини – заклучи Светиот Отец.

Б.У

Категорија: Ватикан

За авторот