Најдобриот одговор на нашето општество кое понекогаш е склоно да ги маргинализира лицата со посебни потреби е оружјето на љубовта.
Иднината на човештвото е во меѓусебното делење и во пријателството со најсиромашните, напуштените и маргинализираните – рече папата Фрањо на 17 ноември 2018 година, примајќи повеќе од 400 членови на Апостолското движење на слепи кое во 1928 година го основа Марија Мота, храбра жена со оштетен вид која одлучи да се соочи со сите тешкотии кои се поврзани со недостатокот на видот и да воспитува силни луѓе, независни и способни да ја сведочат верата преку својата попреченост.
Очигледно е слепите и оние кои гледаат сте обединети на истиот пат на меѓусебно делење и ангажирање за луѓето со попреченост, не само затоа што тоа е предвидено во вашиот статут, туку затоа што тоа е природно христијанско пријателство кое го карактеризира вашиот пат на верата – рече Светиот Отец и го пофали залагањето на движењето кое е отворено за потребите на сиромашните и оние кои страдаат, одговарајќи така на Исусовиот повик. Но, притоа нагласи дека лицата со попреченост треба да дадат конкретни одговори, а пред сè љубов која се покажува во конкретни облици.
Најдобриот одговор на нашето општество кое понекогаш е склоно да ги маргинализира лицата со попреченост е оружјето на љубовта; не она лажна, слатка и која сожалува, туку вистинска, конкретна и полна со почит – рече Папата и продолжи: Во мерката во која се прифатени, сакани и вклучени во заедницата, и придружувани за да гледаат во иднината со доверба, се развива вистинскиот животен пат и се живее искуството на трајната среќа.
Има два основни елементи кои ја означуваат харизмата на движењето. Првиот е меѓусебното делење меѓу слепите и оние кои гледаат како плод на солидарноста и взаемноста, ангажирајќи се за плодниот пат на црковното и општественото вклучување. Вториот елемент е да се даде предност на сиромашните што е на различни начини и облици својствено за целата црква.
На тој начин соработувате во растот на сиромашна Црква за сиромашните, со убедувањето дека многу за тоа можете да нè научите и нивното ставање во центарот е патот на евангелизацијата – рече Папата во пресрет на Светскиот ден на сиромашните и поттикна да дадеме предност на оние во потреба, да ги љубиме, во нив да го откриеме Христовото лице, да бидеме нивни придружници и гласот кој се ангажира за нив.
Повикани сме да работиме за општествената интеграција и образование на лицата со попреченост, не заборавајќи ја поддршката од семејствата. Сето тоа придонесува за ширењето на културата на прифаќањe, помагајќи им на многу луѓе и семејства. Иако сме немоќни пред многубројните светски проблеми, силни сме во љубовта Божја и сите сме повикани да се грижиме за кревкоста на луѓето и светот во кој живееме – заврши Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк