Нашата евангелска должност е да се грижиме за нив бидејќи се наше вистинско богатство, а не само да им дадеме леб – тоа го истакна папата Фрањо на светата Литургија за Првиот Светски ден на сиромашните, која ја служеше на 19 ноември 2017 година, во базиликата Свети Петар.
На 19 ноември кога се одбележува Првиот светски ден на сиромашните, папата Фрањо во базилика Свети Петар, пред околу 4 илјади верници меѓу кои беа сиромашни и оние во потреба кои ги придружуваа членови на разни хуманитарни организации, ја толкуваше евангелската парабола за „лукавиот и мрзлив слуго“, истакнувајќи дека неговото зло било во тоа што не направил добро. Папата по светата Литургија, во салата Павле VI ручаше заедно со 1 500 сиромашни и луѓе во потреба.
Опасноста е – потсети Светиот Отец во својата проповед – да се однесуваш како лукавиот слуга, бидејќи да не направиш ништо лошо не е доволно. Бог не е оној кој ги проверува билетите кои не се поништни, туку татко кој ги бара децата на кои ќе им ги довери своите добра, Оној Кој ги дава своите таланти – објасни папата Фрањо. Тој има менталитет на Бог кој ризикува заради љубовта, го изложува својот живот за другите, не дозволува да остане сѐ како што е. Само една работа Тој пропушта, а таа е сопствената корист. Тој е – истакна Папата – единствениот исправен пропуст.
Пропустот на штета на сиромашните – предупреди Светиот Отец – заслужува да се нарече со вистинското име: „рамнодушност“, а тоа значи: да се свртиш на другата страна кога братот е во потреба. Како конкретно можеме да му угодиме на Бог? – праша папата Фрањо и одговори со Исусовите зборови од Евангелието според Матеј: „Доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле.“
Тие најмали браќа, Нему најмили се оние гладните и болните, странците и затворениците, сиромашните и напуштените, немоќните кои страдаат и отфрлените во својата беда – рече Папата. На нивните лица можеме да го видеме отпечатокот на неговото лице; на нивните усни, иако се затворени заради болката, можеме да ги препознаеме неговите зборови: „Ова е моето тело.“
Мораме да научиме да ја надминуваме рамнодушноста со рацете кои се даваат за работа и кои се пружат кон сиромашните, кон Господовото рането тело – поттикна Светиот Отец и потсети: Во сиромашните, во нивните слабости, е силата која спасува, тие се нашиот пасош за рајот. Нашата евангелска должност е да се грижиме за нив бидејќи се наше вистинско богатство, а не само да им дадеме леб, туку исто така и со нив да го прекршуваме лебот Словото, кои што тие се најприродните приматели. Да се сакаат сиромашните значи да се бориш против сите видови сиромаштво, духовно и материјално.
Она што навистина вреди е: да се љуби Бог и ближниот, а бидејќи сето останува поминува, што значи за нас тоа во животот? – е прашањето кое Папата го упати на крајот од својата проповед повикувајќи ги сите да не го бараат она што поминува, туку да го бараме доброто на другите, затоа што ништо скапоцено нема да ни недостига.
РВ/к.мк