Во својата проповед на литургијата со која заврши второто заседание на Синодата за синодалност, папата Фрањо ја истакна сликата на црковна заедница која „ја фрла облеката на откажување“ и „ги валка рацете“ меѓу неволјите на човештвото, како што се „децата робови за работа“.
„Не ни треба Црква која ќе седи и ќе се откаже“, туку Црква која, како слепиот Вартимеј, ќе ја фрли „облеката на откажување“, ќе му го довери своето слепило на Господа, ќе стан за да се, „соедини по Него и со Него“, „го зема плачот на светот и ги валка рацете за да му служи на Господа“, носејќи ја „радоста на Евангелието по патиштата на светот“. Ова е сликата на Синодалната црква што папата Фрањо ја претстави во својата проповед на литургијата, во недела 27 октомври 2024 година, која ја предводеше во Ватиканската базилика по завршувањето на второто заседание на XVI Генерално собрание на Синодата за синодалност. А Синодата „не прави да бидеме Црква како Вартимеј: заедница на ученици кои, слушајќи го Господа како поминува, дозволуваат да бидат разбудени од силата на Евангелието и да почнат да се обраќаат кон Него“.
Настанот со Вартимеј
Папата Фрањо се осврна на евангелскиот извадок од Евангелието според Марко (10,46-52), кој раскажува за исцелувањето на слепиот Вартимеј, „кој седеше на патот и просеше“. Тој е „отфрлен и без надеж“, но „кога ќе го слушне Исус како поминува, почнува да вика кон Него“. И „додека сите го прекоруваа да замолчи“, Исус застанува. Затоа што Бог секогаш го слуша плачот на сиромашните и ниеден плач на болка не останува нечуен од Него“.
За да живееме вистински, не смееме да седиме мирни
На крајот од Синодата, папата Фрањо, носејќи во срцето „голема благодарност за она што успеавме да го споделиме“, ги повика 365-те членови на синодата, петте илјади верници во базиликата и сите оние кои се поврзани преку медиумите да размислат што се случи со Вартимеј: најпрвин „седеше крај патот и просеше“ (р. 46), а потоа, повикан од Исус, гледа и „го следи Исуса по патот“ (р. 52).
За да живееме вистински, не можеме да застанеме: животот секогаш значи движење, одење по патот, сонување, планирање, отворање за иднината.
Црквата што седи, ужива во удобноста
Пред „прашањата на денешните жени и мажи“, вели Папата, „пред предизвиците на нашето време, пред итноста на евангелизацијата и пред бројните рани што го мачат човештвото, не можеме да седиме мирни“.
Црква која седи, скоро незабележливо се повлекува од животот и стои сама на работ на реалноста, тоа е Црква која ризикува да остане слепа и да се насели во сопствената неудобност.
И додаде:
„Ве молам, да го молиме Господ да ни даде Свет Дух за да не останеме да седиме во нашето слепило, слепило што може да се нарече световност, што може да се нарече утеха, што може да се нарече затворено срце… Да не седиме во нашето слепило, во нашите слепила“.
Да препознаеме кога поминува Господ
Папата Фрањо бара да се потсетиме дека Бог секогаш поминува „и застанува грижејќи се за нашето слепило“. „Дали слушам како поминува покрај мене? „Дали можам да ги слушнам чекорите на Господ? Дали можам да препознаам дека поминува Господ?
Добро е ако Синодата нè натера да бидеме Црква како Вартимеј: заедница на ученици кои, слушајќи дека Господ поминува, го чувствуваат занесот на спасението, дозволуваат да бидат разбудени од силата на Евангелието и почнуваат да повикуваат кон Него. Го собира плачот на сите жени и мажи на земјата.
Да се слушне плачот на сите
Папата потсетува на крикот „на оние кои сакаат да ја откријат радоста на Евангелието и оние што се оддалечиле“; „безгласниот крик на рамнодушните“;за страдањето на „сиромашните и маргинализирани деца – робови на детската работа, угнетениот труд во многу делови од светот“; гласот на немоќните „оние кои веќе немаат сила ни да го повикаат Бога, затоа што немаат глас или затоа што се помириле“.
„Не ни треба Црква која седи и се предава, туку Црква која го слуша плачот на светот и – сакам да го кажам ова, можеби некој ќе се навреди – Црква што ќе ги извалка рацете, служејќи му на Господа“.
Заедно да го следиме Господ
Од друг аспект, конкретно Вартимеј, кој откако првично седи, а потоа „го следи Исус по патот“, папата Фрањо коментира дека тоа значи дека станал „негов ученик, почнал да го следи“. „И тој веднаш прогледа, па тргна патем по Исуса“ (р. 52).
Така и ние: кога ќе седнеме и ќе се сместиме, кога и како Црква не ја наоѓаме потребната сила, храброст и одважност да станеме и да го продолжиме нашето патување, да се потсетиме дека секогаш може да се вратиме кај Господа и неговото Евангелие.
Вартимеј, кој го придружува Исус на патот, според Папата, е слика на Католичката црква: „Господ нè повикува, нè крева кога седиме или паѓаме, ни го враќа видот за да можеме, врз основа на Евангелието, да ги видиме грижите и страдањата на светот“.
„Го следиме Господа на патот, не го следиме затворајќи се во нашите удобности, не го следиме во лавиринтите на нашите идеи: го следиме на патот. И секогаш да го имаме на ум ова: да не одиме според нашите пресметки или според светски критериуми, туку да чекориме по патот, заедно, за Него и со Него“.
Мисионерска црква која оди со Господа по патиштата низ светот
Затоа, повикот на папата Фрањо е да бидеме заедно „не Црква што седи, туку Црква што стои на нозе“.
Не тивка Црква, туку Црква која го слуша крикот на човештвото. Тоа не е слепа Црква, туку Црква просветлена од Христа, која на другите им ја носи светлината на Евангелието. Не статична Црква, туку мисионерска црква која оди со Господа по патиштата на светот.
Петровиот престол
На крајот, Папата повика да се поклониме пред моштите на древниот Престол на Свети Петар (или Катедрата на Свети Петар), внимателно обновен, сеќавајќи се дека „тоа е катедрата на љубовта, катедрата на единството и катедрата на милосрдието според заповедта што Исус му ја даде на апостол Петар: да не владее над другите, туку да им служи со љубов. А величествената круна на Бернини, „посветла од кога било“, по новата реставрација, „ја претставува вистинската централна точка на целата базилика, односно славата на Светиот Дух“.
Тоа е Синодалната црква, потсети Папата, „заедница чијшто примат е во дарот на Духот кој сите нè прави браќа во Христа и нè воздигнува до Него“. И заедничкиот пат не завршува, треба да се продолжи со доверба. И како Вартимеј, папата Фрањо на крајот праша: „Дали се чувствувам повикан? Дали се чувствувам слаб и не можам да станам? Дали сакам помош?
Да молиме, да ја фрлиме облеката на откажувањето, да го довериме нашето слепило на Господа, да станеме и да ја рашириме евангелската радост по патиштата во светот.
Ватикан њуз/к.мк