Папата се сретна со чилеанските епископи

Папата се сретна со чилеанските епископи

Во говорот Папата ги повика епископите како татковци да бидат близу до своите свештеници и го повтори своето одлучно „не“ на клерикализмот – „Лаиците не се наши слуги, ниту наши вработени. Не мора како папагали да го повторуваат тоа што ние го кажуваме.“

После средбата со свештениците, папата Фрањо на првиот ден од својата апостолска посета на Чиле се сретна со тамошните епископи. Средбата во сакристијата на катедралата во Сантијаго започна со поздравот на монс. Бернардин Пинере Карвала, кој ова година ќе прослави 60 години епископство. „Тој е најстариот епископ во светот, и според возраста и според епископството,“ потсети Папата.

Една од нашите главни задачи е токму во тоа да бидеме близу до нашите монаси и монахињи, нашите презвитери, рече Папата во својот говор: „Ако пастирот се загуби, и овците ќе се разбегаат и ќе бидат на дофат на секој волк.“ На собраните епископи во Чиле, Папата им препорача „татковство на епископите со свештениците“, татковство кое е „не е ниту патернализам, ниту злоупотреба на овластувањата“, туку дар за кој треба да се молиме за да останеме близу до своите свештеници „преку примерот на свети Јосиф.“

Еден од проблемите со кои денес се соочува нашето општество е чувството дека сме сираци односно чувствуваме дека на никој не припаѓаме, рече Папата на средбата со 50 чилеански свештеници. „Ова постмодернистичко чувство може да продре во нас и во нашите свештеници“, предупреди папата Фрањо: „Тогаш започнуваме да мислиме дека не припаѓаме на никој, забораваме дека сме дел од светиот вернички народ Божји и дека Црквата никогаш не е и никогаш нема да биде елита на посветени луѓе, свештениците или епископите.“ „Нема да можеме да го поднесеме својот живот, својот повик или службата без таа свест дека сме народ,“ истакна папата Фрањо според кој „недостатокот на свест за тоа дека припаѓаме на Божјиот народ како слуги, а не како господари, може да доведе до едно искушение кое нанесува најголема штета на мисионерската динамика која сме повикани да ја промовираме, а тоа е клерикализмот, кој е карикатура на примениот повик.“

„Лаиците не се наши слуги, ниту наши вработени,“ потсети Папата продолжувајќи да ја обработува темата за клерикализмот. „Не мора како папагалите да го повторуваат тоа што ние го кажуваме,“ додаде Светиот Отец „Будно да внимаваме на тоа искушение, посебно во семинаријата и во текот на процесот на воспитување и обука, повика Папата. Конкретно „во семинариите мора да се нагласува фактот дека идните свештеници мора да знаат да му служат на Божјиот свет верен народ, препознавајќи ја разноликоста на културата и откажувајќи се од искушенијата на сите облици на клерикализам.“ Идните свештеници својата служба ќе ја вршат во секуларизиран свет и мора за тоа да се подготват. Затоа своето послание мора да го извршуваат во братско единство, „рамо до рамо,“ со целиот Божји народ, рече Папата, истакнувајќи дека е потребно лаиците да се поттикнуваат во атмосфера на расудување и синодалност, двете важни карактеристики на идните свештеници.

Папата го кажа одлучното „не“ на клерикализмот и на идеалните светови кои влегуваат само во нашите шеми, но не допираат ничиј живот, и „да“ на посветеноста за мисиската и пророчката опција која е способно да ги преобрази сите, така што навиките, стиловите, распоредите, јазикот и сите црковни структури станат соодветни инструменти за евангелизација, а не само за сочувување на Црквата.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот