Папата се сретна со претседателот на Република Зелен ’Рт
Ватикан, 4.6.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо во понеделник 3 јуни го прими претседателот на Република Зелен ’Рт, Хорхе Карлос де Алмеида Фонсека. Во текот на срдечните разговори, се наведува во соопштението од Ватикан, станало збор за постоечките добри односи помеѓу Светата Столица и Република Зелен ’Рт. Посебно станало збор за договорот помеѓу таа Република и Светата Столица за правната положба на Католичката црква во таа земја, кој наскоро треба да биде потпишан во главниот град Праја за време на посетата на монсињор Мамберти. Во тој контекст се спомна културниот и верскиот идентитет на населението на Република Зелен ’Рт, кој скоро целосно е со христијанска вероисповед, како и улогата која ја имаше Црквата и уште ја има во таа земја со своите образовни и здравствени институции.
На крајот стана збор и за некои предизивици и ситуации поврзани за тој регион, како и прашањето за бројната присутност на жителите на Зелен ’Рт во голем број држави од светот. (го*ко)