Папата се сретна со преставниците на државните власти, цивилното општество и дипломатски кор
По завршувањето на средбата со претседателот Иванов и премиерот Заев Светиот Отец се сретна со преставниците на државните власти, цивилното општество и дипломатски кор во салата Мозаик во вилата Водно.
На почетокот од средбата присутните ги поздрави претседателот Иванов, а потоа Светиот Отец го одржа својот прв официјален говор, кој ви го пренесуваме во целост.
Господине Претседателе,
Господине Премиере,
Почитувани членови на дипломатскиот кор,
Почитувани претставници на општеството и религијата,
Драги браќа и сестри,
Од сѐ срце му благодарам на Господинот Претседател за неговите љубезни зборови за добредојде и за ценетата покана да ја посетам Северна Македонија, која тој, заедно со Господинот Премиер, ми ја упати.
Исто така, им благодарам и на претставниците на другите вeрски религиозни заедници овде присутни. Најсредчно ја поздравувам Католичката заедница , претставувана овде од Скопксиот бискуп и Струмичко-Скопски Епарх, која е активен и составен дел од вашето општество и целосно учествува во радостите, грижите и секојдневниот живот на вашиот народ.
За прв пат еден наследник на Апостол Петар доаѓа во Република Северна Македонија. За мене е вистинска чест што можам тоа да го направам на годишнината 25 години од воспоставувањето на дипломатски односи со Светиот Престол, кои беа остварени неколку години по прогласувањето независноста во септември 1991 година.
Вашата земја е мост помеѓу Истокот и Западот и место каде што се слеваат многу културни струи, каде што се обединуваат многуте карактеристики на овој регион. Со историските сведоштва од нејзиното византиско и отоманско минато, со монументалните тврдини низ планините и прекрасните иконсотаси во старите цркви кои ја докажуваат христијанската присутност од времето на Апостолите, се изразува нејзината богата илјадулетна култура што ја наследила. Но, дозволете ми да кажам дека ова културно богатство е само огледало на вашето најценето и најважно наследство: мултиетничкиот и мултирелигискиот состав на ликот на вашиот народ, плод на богатата историја, и комплексните односи низ минатите години.
Оваа мешавина од етнички и религиозни култури и припадности, беа причина да се стигне до мирен и траен соживот, во кој посебните идентитети разбраа и можат да се изразат и да се развиваат без да бидат негирани, угнетувани или дисриминирани од другите. Така беа оформени односите и ситуациите меѓу заеднците, кои од овој аспект, може да бидат пример за спокоен и братски соживот. Преку разликите и заедничката почит.
Овие посебни карактеристики во исто време се од важно значење за патот кон што побрза интеграција со европските земји. Се надевам дека оваа интеграција ќе се равие позитивно за целиот регион на Западен Балкан, и дека заедно со интеграцијата ќе се развива и почитувањето на различностите и основните права.
Овде, всушност, различната верска припадност на православни, муслимани, католици, евреи и протестанти, како и етничката припадност на Македонците, Албанци, Срби, Хрвати, и другите, создаваат еден мозаик во кој секое каменче е потребна за оригиналноста и убавината на целиот мозаик. Убавина, која ќе го достигне својот најголем сјај до таков степен за да можете тоа да го пренесете и да го засадите во срцата на новите генерации.
Сите напори што се прават, за да можат различните религиозни изрази и различните етноси да најдат заедничко поле за разбирање на достоинството на секоја човечка личност се гаранција за основните слободи, кои никогаш нема да бидат залудни, и ќе ја создадат потребата од засадување на една мирна и плодородна иднина.
Би сакал да го истакнам, исто така, великодушниот напор што го прави вашата Република – било од нејзините државни органи, било преку добриот придонес од разни меѓународни организации како Црвениот Крст, Каритас и други невладини организации – за да ги прими и да им осигури помош на големиот наплив на мигранти и бегалци од разни земји од Блискиот Исток. Тие бегаа од војна или од екстремни услови на сиромаштво, често предизвикани од сериозни воени моменти. Така, во 2015 и 2016 година ја преминаа вашата граница, најголем дел од нив насочувајќи се кон северните и западните делови на Европа, и најдоа кај вас гостоприемно засолниште. Навремената солидарност, која им се нудеше на оние кои тогаш имаа најголема потреба за тоа, бидејќи покрај домот, работата и татковината што ги загубиле, тие ги беа загубиле и нивните најсакани, ве прави честити и зборува за душата на овој народ, кој знае како е да се загуби и дека може да препознае дека преку солидарноста и споделувањето може да се најде излезот и патот кон секој суштински развој. Се надевам да вие ќе ја зачувате таа солидарност која е неопходна во овој непредвидлив критичен момент во корист на секое дело од доброволната хуманитарна работа.
Би сакал, исто така, на специјален начин да и оддадам почит на една ваша сограѓанка, која подтикната од Божјата љубов, направи од љубов кон ближниот највозвишен дострел од најзиното постоење, предизвикувајќи восхит за целиот свет и основаше еден специфичен начин како да се им се ставиш на помош на заоставените, на отфрлените и најсиморашните. Очигледно зборувам за личноста позната под името Мајка Тереза од Калкута. Таа се родила во Скопје во 1910 г. со името Агнес Гонџа Бојаџиу и нејзиниот апостолат го развила во сиромаштија целосно дарувајќи се за Индија, а преку нејзините следбенички, нејзината мисија стигна до најразлични географски ширини. За мене ќе биде огромна чест што за некој час ќе можам да се помолам во Спомен куќата посветената на неа, која е изградена на местото каде била пред тоа старата католичка катедрала.
Треба да сте горди на оваа же. Ве охрабрувам да продолжите да работите со усрдност, посветеност и надеж за да можат нашите деца, децата на оваа земја, по нејзин пример, да ги откриваат, достигнат и својот повик што Бог им го определил.
Господине Претседателе,
Светиот Престол, од моментот кога Северна Македонија ја има независноста, со големо внимание го подружуваше секој чекор кој вашата земја го направи за унапредување на дијалогот и за разбирањето меѓу властите и верските деноминации.
Денес, Божјата Промисла, ми ја дава оваа можност да ја искажам лично таа блискост и да ја изразам мојата благодарност за посетата, што секоја година вашата официјална делегација ја прави во Ватикан по случај на празникот на Светите браќа Кирил и Методиј. Ве охрабрувам да го следите верно започнатиот пат и да ја направите вашата земја светилник на мирот, гостопримството и интеграција која ќе роди плодови помеѓу културите, религиите и народите. Тргнувајќи од соодветните идентитети и динамиката на нивниот културен и цивилен живот, тие ќе можат да изградат заедничка иднина, учејќи се од богатствата што секој од нив ги носи со себе.
Бог да ве пази и да ја благослови Северна Македонија, да ја зачува хармонијата и да даде просперитет и радост!