Папата се сретна со арегентинската претседателка
Папата Фрањо на 17 март се сретна со аргентинската претседателка Кристина Фернандез де Кирхнер придружувана со нејзината голема делегација. Средбата се одржа во домот Света Марта, а со цел да се поздрави Папата, да му се честита по повод првата година од папството, но и да се изрази наклонетоста на аргентинскиот народ со Светиот Отец, извести патер Федерико Ломбарди, директор на Канцеларијата за печат на Светата Столица.
Околу 13.10 часот Папата ја пречека и прими преседателката и делегацијата на вратата на домот Света Марта и најпрво се задржа во разговор со целата делегација, а потоа со претседателката. Околу 13 часот и 30 минути Папата и претседателката отидоа на приватен ручек – стои на крајот на соопштението.
РВ/Д.И.
Категорија:
Ватикан