Папата се сретна со аргентинската претседателка де Кирхнер
Во недела 7 јуни папата Фрањо во аудиенција ја прими претседателката на Аргентина, Кристина Фернандез де Кирхнер.
За време на срдечната средба, претседателката му ја пренесе приврзаноста на аргентинскиот народ и го замоли за благослов за своите сонародници. После аудиенцијата, Папата се сретна со делегацијата која ја придржуваше де Кирхнер, која ќе се сретне со италијанските власти, а ќе земе учество и на конференцијата на ФАО.
Претседателката на Светиот Отец му поколни портрет на блажениот Оскар Ромеро, неколку книги, портрет на Папата и кошница со типично аргентинска храна. За возврат папата Фрањо и подари репродукција од руската икона Блажена Девица Марија од 11 век.
Ова е петта средба на Светиот Отец со аргентинската претседателка де Кирхнер од неговиот избор за Петров наследник.
РВ/го*ко