Утрото на 24 мај 2017 година во Ватикан Светиот Отец се сретна со претседателот на САД, Доналд Трамп. Средбата траепа околу половина час и на неа се разговарало за прашања поврзани со мирот, меѓурелигискиот дијалог и верската слобода, како и за Црквата во Америка и нејзината улога во образованието, здравството и помошта на мигрантите. Во соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол се истакнува дека Папата и претседателот Трамп разговарале за добрите билатерални односи кои постојат меѓу Светиот Престол и САД, како и за заедничкото ангажирање за животот, верската слобода и слободата на совеста.
Понтаму во соопштението стои дека Светиот Отец и американскиот претседател разговарале и за меѓународни прашања и промовирање на мирот со политички преговори и меѓурелигиски дијалог, спомнувајќи ја на посебен начин ситуацијата на Блискиот Исток и заштитата на христијанските заедници.
По завршувањето на средбата со папата Фрањо, претседателот Трамп се сретна со Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин и Секретарот за односи со државите, надбискупот Паул Рихард Галагер.
РВ/к.мк