Папата Фрањо по пладневната молитва повика на молитва за жртвите од воздушниот напад врз центарот за мигранти во Либија и за оние кои неодамна загинаа во Авганистан, Мали, Буркина Фасо и Нигер.
Иако помина неколку дена повикувам на молитва за сиромашните невооружени луѓе кои загинаа и кои се ранети во воздушниот напад кој го погоди центарот за мигранти во Либија – рече Светиот Отец по пладневната молитва и апелираше: Меѓународната заедница не може да толерира такви тешки дела. Се молам за жртвите. Бог на мирот кај себе нека ги прими покојните и им помогне на ранетите.
Се надевам дека хуманитарните коридори за помош на мигранти и оние во потреба ќе бидат организирани на опширен и соодветен начин. Се сеќавам исто така на сите жртви од масакрите кои недамно се направени во Авганистан, Мали, Буркина Фасо и Нигер – рече на крајот Папата и посебно ја поздрави еритрејската заедница во Рим, нагласувајќи дека се моли за нивниот народ.
Ватикан њуз/к.мк