Во своето обраќање за време на молитвата Ангел Господов на празникот на Светото семејство, во недела, 27 декември 2020 година, Папата посебно ги спомена семејствата погодени од пандемијата и здравствените работници.
„Во мислите сум посебно со семејства кои изгубија некоја роднина во последните месеци или се силно погодени од последиците на пандемија. Исто така, мислам на лекарите, медицинските сестри и техничарите и на целиот медицински персонал чија што посветеност во борбата против ширењето на вирусот има значителни последици врз нивниот семеен живот“ – рече Папата.
„Сите семејства денес му ги доверувам на Господ, посебно оние кои се изложени на искушенија од животни тешкотии и рани на недоразбирања и поделба. Господ, кој се роди во Витлеем, нека им даде на сите ведрина и сила за да чекорат сложно по патот на доброто“ – додаде Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк