Папата се моли за возљубениот мексикански народ

Папата се моли за возљубениот мексикански народ

На Генералната аудиенција во среда 20 септември 2017 година папата Грањо ја изрази својата близина и вети дека ќе се моли за Мексико, кој повторно е погоден од силен земјтотрес со јачина од 7,1 според Рихтер.

Според послените податоци бројот на жртвите се искачи до 250 лица. Само пред дванаесет дена оваа земја беше погодена од земјотрес со магнитуда од 8,2 степена според Рихтер.

„Нов страшен земјотрес повторно го погоди вчера Мексико – гледам дека денес има многу  Мексиканци меѓу вас – кој предизвика многу човечки жртви и материјални штети”, изјави Папата во крајот од Генералната аудиенција.

„Во овие болни моменти, ја ветувам мојата духовна близина и молитва за целиот возљубен мексикански народ”, рече Папата.

Папата Фрањо, која во февруари 2016 година ја посети оваа латиноамериканска држава, ги повика ги повика сите на молитва”, и Бог да ги прими во своите прегратки сите кои ги загубија своите животи и да ги утеши повредените, нивните блиски и сите засегнати луѓе”.

Откако ги охрабри спасувачките екипи и сите кои помагаат на погоденто население, Папата упати молитва до Богородица: „Нека Нашата Мајка Пресвета Богородица од Гвадалупе, биде блиску со својата нежност до возљубениот мексикански народ”, рече на крајот папа Фрањо.

РВ/.мк

Категорија: Вести

За авторот