Папата Фрањо ја изрази својата благодарност и близина со персоналот на ватиканската педијатриска болница Bambino Gesù, кои се грижат за педесетина украински деца.
Руската инвазија на Украина ја поремети медицинската нега во поголемиот дел од земјата. Околу 50 деца од Украина – од кои 18 се хоспитализирани – пристигнаа во болницата во Ватикан за да добијат квалитетна нега.
Во кратка, рачно напишана порака до претседателот на болницата Мариели Енок папата Фрањо ја изрази својата благодарност за ова служење.
„Ви благодарам за служењето, милосрдието и љубовта кон ранетите украински деца. Близок сум со вас“, напиша Светиот Отец.
Доктор Марио Зама, шеф на пластична и максилофацијална хирургија во Bambino Gesù, помага во лекувањето на децата и зборуваше за Ватикан њуз за работата на неговиот тим во лекувањето на телата, но и на срцата.
Тој рече дека имало четири млади девојки чии животи засекогаш ги променила војната во Украина. Две морале да имаат ампутација на горниот екстремитет, додека другите две имале тешка краниофацијална траума.
Ова не е прва средба на д-р Зама со третман на воени жртви и рече дека се надева дека никогаш повеќе нема да мора да биде сведок на такви ситуации.
Тој објасни дека штом пристигнале децата, со потребните испитувања за да се разбере клиничката слика, се обиделе тие да се чувствуваат безбедно. Им помагале психијатри, а луѓето околу нив им помагале во играње. Отпрвин не можеа да зборуваат, но сега почнаа да зборуваат, да се насмевнуваат, да цртаат, да играат; накратко, тие се враќаат на еден вид „нормалност“, рече докторот, истакнувајќи дека прифаќањето е еден од основните столбови на посланието на болницата.
Сите се надеваме дека навистина ќе се слушнат зборовите на Светиот Отец кој повика да се стави крај на овој масакр. Се плашам дека повеќе деца ќе пристигнат и многу ќе умрат. Тешко е потоа да се појде дома и да ги погледнеш сопствените деца; овие ситуации те обележуваат за цел живот.
И покрај нивната тешка ситуација, другите млади пациенти од болницата Bambino Gesù изразија солидарност со своите браќа и сестри од Украина на свој начин. Многумина насликаа слики на кои се претставени боите на украинското знаме, знак на мир, па дури и крвта и солзите на младите жртви на војната, реалност за која папата Фрањо вели дека треба да ја потресе нашата совест.
Ватикан њуз/к.мк