Примајќи ги членовите на Фондацијата во аудиенција, Папата ги охрабри да го комбинираат размислувањето со конкретни дела на милосрдие, со посебно внимание кон „последните“
Папската светската молитвена мрежа го воплотува двојниот дух на јубилејот, обединувајќи ја контемплацијата со делата на милосрдието за „последните“. Примајќи ги во аудиенција во четврток, 23 јануари 2025 година, членовите на Фондацијата Светска молитвена мрежа, папата Фрањо ја истакна важноста на нивното послание.
Исусовото Срце е со нашето срце
Во центарот на активноста на тоа Папско дело е енцикликата Dilexit nos, која Папата ја нарече „храна за поддршка“ за духовниот и оперативниот тек на организацијата што сега ја води отец Кристобал Фонес. Светиот Отец му посвети посебни мисли на неговиот претходник, отец Фредерик Форнос, чија креативност ѝ овозможи на Фондацијата да продолжи да го следи „патот на срцето“, обединувајќи го Исусовото срце со нашето, кое е рането од гревот, но преобразено од љубовта.
Да се обединат молитвата и делата
За чувствителноста на секој од нас придонесува Марија, која не учи да ги чуваме во срцето Исусовите зборови и дела – истакна Папата и додаде: Не заборавајте го тој збор: да се чува. Освен тоа, Светиот Дух обезбедува „жива вода“ без која не е можен вистински духовен напредок.
Светската молитвена мрежа дава многу важен придонес за јубилејот, помагајќи им на луѓето и заедниците да го живеат неговиот дух, како патување во кое молитвата и сочувството се неразделно поврзани, молитвата и близината до „последните“, и молитвата и делата на милосрдието.
Ватикан њуз/к.мк